April 26, 2024, 10:00 pm

Не успеа во подвигот, но успеа да ги украде срцата и емоциите на цела Македонија: Поради силни болkи во ногата Марко приморан да го прекини соло маратонот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Малиот охридски херој, Марко Пејчиновски, поради силни болки во ногата беше приморан да го прекине соло маратонот во должина од 64 километри кој го посвети на лицата со ретки болести.

Иако не успеа во големиот подвиг, Марко е веќе херој на целата нација, за покажаната храброст, одлучност и пред се за хуманата мисија која го водеше цело време.

-„Желбата и волјата се крилја за големи дела.“
Нашиот Марко имаше силна желба и цврста волја да плива делница која е вистински предизвик за професионалните маратонци, а не за еден тринаесетгошник. Сепак, поради силни болки во ногата беше приморан да го прекине соло маратонот во должина од 64 километри кој го посвети на лицата со ретки болести.Марко измина 4 часа и 49 минути во водите на Охридското Езеро и мина 11 километри и 840 метри. Утре сите заедно да ја дадеме нашата поддршка, да придонесеме за подигнување на свеста за ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ и да бидеме НИЕ тие што ќе ја направат разликата!
– напишаа од тимот на Марко на неговата Фејсбук фан страна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This