April 18, 2024, 11:55 am

Не ширам 3apa3а на базени, не шетам да 3apa3увам, вели Александра Накова, пpиведeна поради непочитување на caмoи3олација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според полицискиот извештај старлетата Александра Накова место во самоизолација си заминала на базен, каде тие ја привеле. Медиумите, пак, објавија дека таа била во самоизолација бидејќи првиот тест за проверка дали е заразена со Ковид-19 покажал дека е негативна, но за вториот уште немало реултати, а според протоколот таа морала да биде во самоизолација, се додека не се добијат резултатите од вториот тест.

Јасвноста, пак, е шокирана од нејзината постапка, бидејки, како што пишуваат на социјалните мрежи, не дај Боже да е позитивна, од базенот ќе направи нов кластер во Гевгелија.

-Новинари постојано ми ѕвонат и нема сега ништо да изјавувам, наскоро ќе објаснам се на мојот Инстаграм профил. Наскоро ќе ги покажам двата мои теста со негативни резултати. Ниту сум ширела зараза на базен, ниту сум се шетала за да ширам зараза, ни рече таа.

На прашањето каде се наоѓа, бидејки според полицискиот извештај е приведена, а според медиумите е во државна изолација на своја сметка, таа кажа:

-Не можам да ви кажам каде сум, го чекам мојот адвокат сега. Стрпете се наскоро се ќе кажам, рече старлетата во телефонскиот разговор.

Фото: Фејсбук

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This