Ниеден човек не го освоил светот сам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Помалку од 24 часа не делат од фудбалска историја за Македонија, магијата на најубавиот спорт во светот ги запоседна македонските домаќинства. После повеќе од година дена може да се видат другари, семејства како седат на иста софра уживајќи во спортот кој за многумина живот значи.

Во овие тешки времиња се чини фудбалот ни е единствената оддишка, единственото нешто кое ни го полни срцето со радост и возбуда.

Она што не можам, а да не го забележам се илјадниците Македонци кои го гледаат Енис Барди како свој, но и илјадниците Албанци кои со исти очи го гледаат капитенот Горан Пандев.

И не можам, а да не го поставам главното прашање, дали ја научивме најважната лекција после 30 години независност? Ниеден човек не го освоил светот сам?

Александар Македонски по смртта на неговиот татко за да тргне на Персија најпрво морал да ја зацврсти својата положба на Балканот тој војувал со речиси сите соседи, а кога им покажал колку добар е војсководец и ја споделил својата визија за освојување на светот благодарение на неговата харизма сите се приклучиле.

Александар војувал и со Таулантите, Илирско племе кое живеело на територија на денешна Албанија, но на крајот и тие му се приклучиле.

Да во војските на Александар имало и илирски војници, и Пејонци и Грци, Трибали и Тракијци и што направиле? Го освоиле светот.

Ако не сме учеле од историјата осудени сме да учиме од сегашноста.

Очигледно и македонската жива легенда Игор Ангеловски- Мрме ја научил лекцијата дека никој не го освоил светот сам, тој бирајќи ги своите првотимци на прво место не ја стави ни верата ни нацијата туку суровиот талент и направи чудо.

Македонија во пресрет на Европското во квалификациите за Светско ја порази Германија на домашен терен со што покажа каков тим направил Мрме.

Ако ништо друго се пласиравме на едно од најелитните репрезентативни натпреварувања ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ!

Во овој тим има Македонци, Албанци, Турци и други етникуми, но тој дише како едно, игра како едно и победува како едно.

Oваа фудбалска генерација не учи дека тогаш кога ќе го ставиме квалиетот пред верата и нацијата, кога ќе бидеме сложни и заедно и Македонци и Албанци, Турци и Власи, Срби и Бошњаци можеме да успееме обединети под сонцето да ги поразиме и најголемите противници и наместо трагедија во која сосед на сосед му ја умира козата да бидеме успешна светска приказна.

Кога ќе промаши Барди вика „ta qifsha nonen“, кога ќе промаши Пандев вика „у пичку матер“ ама и тој и тој го боли за Македонија, го боли за тоа што ги изневерил своите соиграчи, го изневерил тимот и своите сограѓани кои во еден здив го проследуваат секој натпревар.

За крај фала ти Мрме и фала ви дечки за се што не научивте, фала ви што не научивте дека неспособните политичари не тераат еден на друг и тие профитираат, а единствен начин да има фајде Македонија е сите заедно да играме за нејзе.

Не можеме сами, ако ништо друго затоа што сме малkу, ако ништо друго поради она старо клише кое вели дека заедно сме посилни, знаете еден за сите, сите за еден или сите за никаде.

Утре нека ви е среќно момци и направете не горди сите!

Пишува: Милош Милошевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This