March 29, 2024, 12:32 pm

НИЕДНАШ НЕМА УТНАТО: Угледен американски професор знае кој ќе победи на американските претседателски избори

Поврзано

- Advertisement -
Алан Џ. Лихтмен, угледен професор по историја на Американскиот универзитет и автор на книгата „Клучевите за влегување во Белата куќа“, вели дека на демократите ќе им биде тешко да останат во Белата куќа и дека нов претседател на САД ќе стане Доналд Трамп, пренесува Вашингтон пост.
- Advertisement -

Од 1984 година досега Лихтмен никогаш не промашил и секогаш точно го прогнозирал идниот претседател на САД. Професорот вели дека ништо досега не му паднало толку тешко како прогнозата за изборите 2016.

Лихтмен до своите клучеви дошол анализирајќи ги изборите во САД од победата на Абрахам Линколн во 1860 година до победата на Џими Картер во 1981 година.

Неговиот уникатен систем на прогозирање претполага дека клучевите за Белата куќа се група од 13 искази на кои се одговара со „точно“ или со „неточно“. Ако на шест или повеќе прашања се одговара со „неточно“, тогаш губи кандидатот на партијата што во моментот е на власт.

„13-те клучеви се историски базиран систем на предвидување, врз основа на проучувањето на сите претседателски избори од 1860 до 1980, а оттогаш ги користам за да ги предвидам, честопати и долго пред да се случат, резултатите од сите осум избори од 1984 до 2012 година. Клучевите во основа ги проценуваат силата и перформансите на партијата што во моментот е во Белата куќа. Има 13 клуча. Одговорите ‘точно’ на овие ‘точно/неточно’ прашања секогаш укажуваат дека ќе се реизбере партијата што е на власт. А ако на шест или повеќе од исказите се одговари со ‘неточно’, партијата на власт, партијата што е во Белата куќа, е предвидениот губитник – кои било шест или повеќе. Ова отсекогаш функционирало“, вели Лихтмен.

Лихтмен смета дека сега одговорите на прашањата: 1, 3, 4, 7, 11 и 12 гласат „неточно“ и затоа Доналд Трамп ќе победи на изборите.

1. По последните избори владејачката партија има повеќе мандати во Претставничкиот дом. Неточно

2. Нема сериозен противкандидат внатре во владејачката партија. Точно

3. Кандидатот на владејачката партија е моменталниот претседател. Неточно

4. Нема значајна трета партија или независна кампања. Неточно

5. Економијата не е во рецесија во текот на изборната кампања. Точно

6. Реалниот раст по жител во текот на мандатот останал ист или се зголемил во однос на претходните два мандати. Точно

7. Владејачката администрација (Обама) спроведе значајни промени во домашната политика. Неточно

8. Немаше постојани социјални немири за време на мандатот (на Обама). Точно

9. Сегашната администрација е неизвалкана од некој голем скандал. Точно

10. Сегашната администрација не направи големи грешки во областа на надворешната и воената политика. Точно

11. Сегашната администрација постигна некаков извонреден успех во областа на воената и надворешната политика. Неточно

12. Кандидатот на владејачката партија (Хилари Клинтон) има силна харизма или е национален херој. Неточно

13. Кандидатот на противничката партија (Трамп) не е харизматичен ниту е национален херој. Неточно

„Мислам дека овие избори имаат потенцијал да ги разнишаат нормалните граници на американската политика и да ресетираат сè, па дури, можеби, и клучевите за влегување во Белата куќа“, вели професорот. „Видете, јас не сум гатач. Не гледам во кристална кугла. Клучевите се засновани на историјата. Тие се базирани на многуте промени во историјата, тие се многу силни. Но може да дојде време кога промената е толку катаклизмична што може да ги промени темелите на нашата политика, а овие избори го имаат тој потенцијал – сè уште не знаеме, но постои потенцијал“, вели професорот за американскиот весник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This