March 29, 2024, 12:15 pm

НИЕ НАВАКА СМЕ „КИНИСАНИ“: Европските лидери не успеаа да се обединат, ЕУ каква што ја знаеме почнува да пропаѓа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту по прашањето на мигрантската криза, ниту по прашањето за економијата, европските лидери кои пред два дена се сретнаа во Братислава не успеаа да најдат како што изгледа, ниту најмала заедничка цел околу која би се согласиле

merkel-orban-hollande-renzi

Лидерите на 27 земји членки на Европската унија пред два дена се собраа во Братислава на неформален и значаен самит на кој највеќе се разговараше за иднината на ЕУ без Велика Британија,но и за мигрантската криза.

Италијанскиот премиер Матео Ренци н сакаше да присуствува на заедничката конференција за новинарите со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд по самитот на ЕУ во Братислава, бидејќи како што кажа, не ги дели нивните заклучоци.

Ренци рекол дека на самитот немало никакво позитивно движење кога станува збор за мигрантската криза, односно дека „не е задоволен со заклучоците по прашање на економскиот раст и имиграцијата“ поради што не може да учествува на конференција за новинари заедно со Оланд и Меркел, пренесува АНСА.

„Самитот не беше губење врме, но за да се опише денешниот документ за мигрантите чекор по чекор е потребна имагинација“ вели Ренци.

Според неговите зборови, постигнат е минимален напредок, но ЕУ сеуште е далеку од решавањето на проблемите по Брегзит. Решението на мигрантската криза која е утврдена на самитот во Малта на почетокот на годината „остана мртво слово на хартија“, рекол Ренци.

Тој рекол дека Италија го исполнува својот дел кога станува збор за мигрантската криза и дека е „спремна да продолжи сама ако треба“.

Политиките на штедење на ЕУ очигледно не даваат резултати, додава Ренци и истакнува на потребата за нов пристап во настојувањето да се зголеми економскиот раст на унијата. Тој ја критикуваше и германската економска политика, велејќи дека како што некои земји мораат да ги почитуваат правилата на дефицитот, на ист начин мораат да се почитуваат и другите праила, како она за суфицитот.

„А, има некои земји кои тоа не го почитуваат, а главна меѓу нив е Германија“, вели Ренци.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан оценува дека самотот во Братислава бил неуспешен кога станува збор за мигрантската политика и најави дека лидерите на Унијата и земјите од Балканот ќе се состанат на 24 септември.

Орбан рекол дека неформалниот самит, прв состанок на лидерите на ЕУ без Велика Бртитанија, не донел промени во имиграционата политика на ЕУ за која рекол дека е „автодеструктивна и наивна“, пренесува Ројтерс.

Меркел: Лидерите на ЕУ ќе претстават нов план до март

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека лидерите на ЕУ, кои се состанаа во Братислаа без Британија, се договориле да претстават нови планови за зајакнување на ЕУ до март наредната година.

„Ние се согласивме поради тоа што Европа е во критична ситуација во која е по референдумот во Британија, но и поради други потешкотии кои ги имаме, мораме заеднички да се договараме за работниот план како би можеле да разгледаме низа прашања до 60 годишнината од договорот во Рим“, рекла германската канцеларка по завршетокот на самитот на лидерите на ЕУ во Братислава, пренесува Ројтерс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This