НИЕ НЕ ПОВИКУВАВМЕ НА ЛИНЧ И УБИСТВА: Оливер Спасовски за протестите пред домовите на пратениците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека протестите пред домовите на одредени функионери на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година и оние кои сега се случуваат пред домовите на пратениците на СДСМ се различни.

-Демократијата е право на протест и никој нема поинков став од тоа. Дали треба тоа да биде пред домовите на пратениците, тоа е веќе прашање што треба да се дебатира. Протестирање пред домовите, создавањето на несигурност кај било кого при протестирањето, предизвикува страв, загрозеност. Тоа се прави пред нивните соседи и тоа не е демократски и преземаме соодветни мерки. Полицијата е должна да ги штити сите граѓани, па така и пратениците. И при протестите во 2016 година кога бев технички министер полицијата постапувала исто. Полицијата преземала сериозни мерки за обезбедување на домот на Груевски. Разликата е што сега има насилство и се извикуваат пароли со кои се повикува на линч и убиства. Тоа е различно од 2016 година, рече Спасовски.

Спасовски сепак не одговори од каде Фросина Ременски ги добила пораките од Вибер комуникацијата на членови на опозицијата, за кои јавноста се сомнева дека се добиени преку злоупотреба на ресурсите на УБК од страна на сопругот на Фросина Ременски, Јовче Ременски.

На фотографиите што се објавени на приватниот Фејсбук на Ременски јавно се прикажани личните податоци и телефонските броеви на луѓе кои не се вршители на јавни функции, а со тоа е нарушена нивната приватност. Дека Ременски нелегално поседува вибер-комуникација со која се заканува, покажува и постот објавен пред два дена кога револтирани жители на нејзината општина – Карпош, пред нејзиниот дом мирно демонстрираа го искажаа револтот за изгласувањето на Законот за јазиците.

Ременски најави дека ќе поднесе кривична пријава за нив.

17 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This