НИЕ СМЕ АНТИ-ЕУ И НАТО, А СДСМ ПРО-АМЕРИКАНСКА: Двери зачудени како партија која има деструктивни, про-американски ставови користи нивни слогани!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српската партија Двери с` уште не решила дали ќе реагира и ќе го тужи СДСМ поради тоа што го презела концептот на нивната кампања од последните парламентарни избори во Србија.Но, во партијата вчера изјавија дека се изненадени од тоа што една македонска политичка партија користи иста кампања како и тие иако се на сосема спротивни идеолошки позиции од нив. Познато е дека движењето Двери му припаѓа на партиите од ултрадесничарскиот политички блок, кои интересите на сопствената држава ги ставаат над секои други. Од друга страна, најголемата македонска опозициска партија СДСМ припаѓа на семејството социјалдемократски партии, кои идеолошки се сосема на спротивната страна од ултрадесничарските партии, пишува Дневник.

dveri1-640x346

Токму од овие причини партискиот функционер на Двери Срѓан Ного, кој е претседател на нивната белградска организација, вчера ни изјави дека се непријатно изненадени што преземањето на нивната кампања е направено од една таква, идеолошки спротивна партија.

-Јас не би сакал нашите идеи за кампања да ги користи партија што не ги споделува нашите програмски определби – запирање на преговорите за членство во ЕУ, по никоја цена да не се влезе во ЕУ и во НАТО, а истовремено Русија треба да биде главен надворешен политички фактор. Интересите на сопствената држава, одбраната на нејзиниот суверенитет од секакви загрозувања, треба да бидат над с` – изјави Ного за „Дневник“.

Тој додава дека е целосно изненаден што една македонска партија ја презела нивната кампања креирана за да ги промовира токму таквите програмски определби.

dveri-1-640x343

-Kолку што сум информиран и знам, СДСМ е опозициска, социјалдемократска и прозападна, односно проамериканска политичка партија. Не ми е јасно како тогаш можеле да ги преземат нашите слогани, начинот на претставување на митинзите… кога немаме ништо заедничко – се прашува Срѓан Ного.

Во програмските определби на Двери, кои одвај го поминаа цензусот од пет отсто за влез во српскиот парламент, се наведува дека „Србија веќе 15 години се наоѓа на погубен пат во ЕУ по секоја национална цена“.

-На тој европски ќор-сокак од нас се бара правно да го признаеме Косово, воведување санкции кон Русија, влез во НАТО, растурање на семејството и предавање на последните природни ресурси. Во ЕУ нема да влеземе уште десет години, а прашање е дали таа тогаш ќе постои. Главен надворешен партнер на Србија треба да ~ биде Русија, која стана незаобиколен светски фактор. Во најголем интерес на Србија е блиска соработка со Русија – се наведува во партиската програма на Двери.

Освен ова, во неа се наведува дека главната цел им е „враќањето на државата на народот“, исто што е и главното мото на опозицискиот СДСМ пред македонските избирачи.

Користењето на кампањата на ова движење од страна на СДСМ се актуализира откако владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозицијата дека ја украла нивната кампања. Во Двери изјавија дека досега немале никаква соработка со најголемата македонска опозициска партија. Концептот на нивната кампања, чие централно мото е „За живот во Србија“, „Да го вратиме животот во свои раце“, со користењето плакати зад партиските говорници е целосно нивно партиско дело. Односно, креација на нивни партиски активисти.

Во Двери дозволуваат и можност некоја пиар-агенција да ја измамила македонската партија и скапо им го продала концептот кој е нивно авторско дело и веќе употребено на изборите во Србија.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This