НИЕ СМЕ БРАТСКИ ХОРА, СШТИ НАРОД: Рече Заев на 3-ти мај, а денес ги понижи сите вредности и ја закопа историјата на Македонскиот народ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Ние сме братски хора, сшти народ. Македонија тежнее кон нормализација, ќе биде стабилно и спокојно фоф Македонија“ – рече Заев во изјавата на 3-ти мај дадена за националната бугарска агенција, БГНЕС

Во изјавата дадена на 3-ти мај, Зоран Заев практично го најави ваквиот исход кој произлегува од неговото пријателство со Бугарскиот премиер Бојко Борисов, особено ако се знае дека истото пријателство дополнително било зајакнато во периодот кога Заев ги добивал нелегално стекнатите прислушувани разговори.

Бојко Борисов во една прилика исто така изјави дека тој гледал голем пријател во Заев, додека со Груевски не сакал да се поздрави, додавајќи дека таквиот став го изградил поради немањето на волја кај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да се согласи на потпишување на договорот за добрососедство со Р.Бугарија, под условите кои Бугарите ги наметнуваа.

Секако, човекот кој смета дека ние и Бугарите сме „исти хора“, немаше проблем да ја искриви кичмата само две недели по доаѓањето на власт.

Како посредници пак на оваа средба и ваквата постапка во јавноста беше посочен и владиката Наум, за кој соросоидните медиуми известуваа дека е духовен татко на Зоран Заев. Токму за него и црквата Заев бараше едно евро по квадрат од бизнисменот кој беше заинтересиран за купување на градежна парцела во Струмица.

Денес, Заев докажа дека се точни тезите за неговата поврзаност и ветувања кои ги дал на различни страни, кои за возврат му понудиле да му помогнат да ја превземе власта во Македонија, макар и нелегално и на сила.

Со признавањето на правото најсветлиот празник, симбол за непокорот на Македонскиот народ да се чествува и како Бугарски, односно заеднички празник, Зоран Заев впрочем ја призна и лажната историја и демагогија која антимакедонистите во Бугарија ја пропагираат подолг период. Дополнително, контроверзниот Божидар Димитров ја искористи оваа прилика да каже, веднаш по посетата на Заев дека „Македонците конечно признаа дека се Бугари“.

Пред две недели пак, Македонскиот претседател доби признание од Рускиот претседател Владимир Путин дека писменоста и кирилицата потекнуваат од Македонија, нешто на што Бугарија жестоко реагираше.

 

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This