April 23, 2024, 10:59 pm

НИЕ ЈА ОДБИРАМЕ МАКЕДОНИЈА: Изборот е помеѓу кариерата на Заев или иднината на Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во говор пред македонското Собрание порача дека тој е против промена на уставното име, не затоа што не ја сакаа Европската Унија, туку затоа што ја сака Македонија.

-И нормално дека патот кон Европа е природниот пат за Македонија и дека тоа е целта кон која мора реално да се движиме, но со овој човек на власт ние сме се подалеку секој ден и секој изминат час. И во овој еден од низата црни денови за Македонија власта спинува со безброј дезинформации затоа што сакаат да поверувате дека еден бил изборот кој мора да се направи за да сме напредувале, а знаете дека во суштина изборот е помеѓу кариерата на Заев или иднината на Македонија. Во таа борба ние ја одбираме Република Македонија. Зоран Заев прави лузна и за генерациите што доаѓаат. Оваа промена на името и идентитетот е плод на нечесност и валкана игра на Заев и неговите послушници. Човекот веќе се изгуби во тој комформизам на власта, го нема со народот, тој работи против него и неговите интереси, заборавил калта како изгледа. Удобно е во мерцедесот во кој што ги судеше и ги осуди луѓето. Што е понатаму прашањето? Договорот е штетен и јас нема сега како него да ви ветувам се и сешто, но можам да ви ветам дека ВМРО-ДПМНЕ и јас лично ќе сториме се за овој договор што е во наша моќ да не се случи и неправдата да биде исправена. Тоа ќе биде моја заложба и јас ова прашање ќе го отворам во секоја прилика, во секоја можност, при секоја моја средба. Дали ќе успеам не знам и не можам да ветам ништо, но ви ветувам дека ќе сторам се за да успеам заедно со вас тоа што некој сега бесрамно го продава да си го вратиме назад. А сите заедно со сигурност можеме да ја промениме оваа власт и тоа ви гои кажувам со сигурност, а треба да ја промениме за Македонија да престане да губи. Македонија да престане еднаш да губи, ако го направиме тоа побрзо повеќе и ќе спасиме. Еве поминуваат речиси две години од оваа власт, резултатот е едно големо ништо. Имаме работа со аматери и лакоми луѓе по власт, по моќ и по функции, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека нема ден да нема афера, нема недела да нема некое убиство, пљачка или нерасветлен инцидент.

-Народот живее во страв и во сиромаштија, граѓаните започнаа да плаќаат зголемени даноци, а тоа значи помалку пари за граѓаните. Земјоделието е уништено, сиромашните се најбројни, нема нови патишта, нема инвестиции, работата отиде дотаму да почнаа и со пазарџиите да се пресметуваат, се друго средија па сега и нив ќе ги решавале.Продолжија да не задолжуваат а долгот никогаш не бил поголем. Трошоците за живот се зголемија, а цените растат, сиромашните се најбројни затоа оваа власт мора да ја победиме најпрвин на претседателските избори, а потоа и трајно да и го покажеме патот на темната страна на историјата на следните предвремени или редовни парламентарни избори, истакна тој.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/2258442304480393/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This