НИЗА ПРОЕКТИ ЗА КАВАДАРЦИ: Груевски најави голем број на проекти во Кавадарци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројни проекти за Кавадарци се превидени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ “Реално“, а истите денеска беа презентирани пред граѓаните.

kavadarci

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и носител на листа во ИЕ 4 најави целосна реконструкција на регионалниот пат Неготино-Кавадарци во вредност од 1 милион евра.

-Со инвестиција од 600.000 евра ќе реконструира темелно и патот Росоман-Кавадарци. Ветуваме и реконструкција на локални патишта, од Сопот до Рибанци во должина од 5 км и 200 метри, како и патот од Горна и Долна Бошава во должина од 900 метри, рече Груевски.

Предвидена и набавка на нова опрема за болницата во Кавадарци, како и набавка на нов апарат за томографија кој ќе опслужува 500-на пациенти во овој регион. Вкупно ќе се набават 58 нови апарати во вредност од 860.000 евра.

-Ќе се градат спортски сали во две основни училишта, како и магистрален гасовод во Неготино-Кавадарци-Битола. Детска градинка во Кавадарци кој ќе се изгради во 2017 година и ќе има капацитет за 200 деца, рече Груевски.

Планирана е и реконструкција на два ката во ученичкиот дом Крсте П. Мисироков, изградба на повеќенаменско иргалиште, како и 3 игралишта за баскет и нов скејт парк. Нема да бидат заборавени и руралните средини, па предвидена е и реконструкција на основното училиште во Мралино.

Груевски најави и нов мост кај Ваташа, на местото каде бил стариот, проект кој ќе вреди 300.000 евра, како и доградба на кејот на реката Луда Мара и голем број на други проекти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This