March 29, 2024, 12:33 am

НИКАДЕ ПОВЕЌЕ „ДОБРЕДОЈДЕНИ“: Египетската Коптска црква одби да го прими на состанок американскиот потпретседател Мајк Пенс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Египетската Коптска црква го одби барањето за состанок кој го упати потпретседателот на САД Мајк Пенс, во знак на протест против одлуката на официјален Вашингтон да го признае Ерусалим за претстолнина на Израел, извести египетската државна агенција „Мена“

Црквата се „изземала од гостопримството за Мајкл Пенс“ кога на крајот на месецот ќе биде во посета на Египет, наведувајќи ја како причина одлуката за признавање на Ерусалим за претстолнина на Израел која американскиот претседател Доналд Трамп ја донесе во „непогоден момент и без обзир за чувствата на милиони луѓе“, пренесува Ројтерс.

Трамп во средата, 6.декември, соопшти дека официјален Вашингтон одлучил да го признае Ерусалим како главен град на Израел и дека планира да ја премести Амбасадата на САД во тој град.

Како што претходно извести „Њујорк Тајмс“, таа негова одлука наиде на осуда ширум светот.

Поголем дел од земјите го сметаат источен Ерусалим, над кој Израел превзема контрола од Јордан за време на војната во 1967.година, за окупирана територија, чиј статус допрва треба да биде решен низ мировни преговори помеѓу Израел и Пакистан.

Сепак, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во петокот рекол дека нема да бидат потребни две години за Амбасадата на САД од Тел Авив да биде преселена во Ерусалим.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This