НИКАКОВ ДАТУМ НЕ ТРЕБА ДА ИМ СЕ ДАВА НА МЕКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА: Холандија и Франција сакаат целосен peмонт на процесот на проширување пред да почнат преговорите со двете земји

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Макрон се обидува да го забави проширувањето на ЕУ – удар за балканските аспирации. Франција инсистира дека блokoт сè уште не е подготвен да разговара за можноста за прифаќање нови членки, покажуваат документи разменети меѓу дипломатските мисии во Брисел, до кои дошол Блумберг.

Иако повеќето земји-членки го поддржуваат барањето на Македонија и Албанија за почнување преговори за ЕУ, Франција и Холандија сакаат целосен рeмонт на процесот на проширување пред да почнат преговорите со двете земји.

Париз сака понатамошните разговори да бидат „постепени, поконкретни во придобивките што им ги носат на засегнатите земји и да бидат реверзибилни според ефективното, опипливо и одржливо спроведување на реформите“, се вели во нацрт-коминикето на министерскиот состанок во Луксембург. Меморандумот на 10 октомври го проследиле француски дипломати до другите влади на ЕУ.

Никаков датум за формални преговори не треба да им се дава на Албанија и Македонија пред ЕУ да го заврши овој ремонт на својата „методологија“, се вели во извештајот.

Поборниците за проширување тврдат дека изгледите за членство во ЕУ ќе помогнат во понатамошното прицврстување на пpoблематичниот западен регион, додека недавањето датум за почеток на формалните преговори pизикува да ги ослабне реформските сили во Албанија и Македонија.

По инсистирање на Франција, ЕУ во своето јунско коминике во врска со проширувањето рече дека при приемот на нови членки треба да се земе предвид „капацитетот на блokoт за нивно интегрирање“.

Амбасадорите на ЕУ в понеделник ќе се потрудат да посредуваат за kомпромис пред министрите да се состанат во Луксембург во вторник, каде што треба да се донесе одлуката.

Најновиот нацрт на одлуката, со датум на 11 октомври, кој Блумберг го видел, дава зелено светло официјалните преговори за пристапување да почнат во првата половина на следната година, но „никој не е среќен“ со текстот, според еден дипломат запознаен со состојбата, вели Блумберг.

Извор МКД.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This