НИКОГАШ И НЕ ПОСТОЕЛА МЕЃУЕТНИЧКА ОМРАЗА: Арменд Нухиу со честитка по повод Илинден, потсети на зедничката борба на сите народи во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку сте заборавиле во Македонија има една политичка партија која на власт е речиси 17 години и е веројатно е најодговорна за сите политичките случување во последните 2/3 од македонската независност.

За жал политичка партија која толку години ја контролира државата, не успеа да се научи на државнички чекори и политики во корист на сите граѓани на државата. Наместо да работи за доброто на граѓаните, ДУИ со години работи на ширење на некој квази национализам со кој се обидува да ја затскрие својата неспособност за водење на државата и креирање корисни политики за граѓаните.

Политиката на ДУИ како и на другите албански партии, кога немаат проекти, а тоа е речиси секогаш, да го користат национализмот шират омраза и несигурност помеѓу граѓаните, соседите, пријателите, браќате во добро и лошо. Пропагандата на ДУИ и СДСМ одеше во насока да ги раскара Албанците и Македонците, водејќи се по онаа старата максима, раздели па владеј.

Но на крајот од денот побројни се оние кои се лојални на државата, луѓе кои се со достоинство и имаат вистински вредности. Они кои соседот го гледаат како брат, а не како непријател. Меѓу нив е и аналитичарот Арменд Нухиу кои на својото Фејсбук профил им го честиташе Илинден на сите граѓани на Македонија со цитат од Крушевскиот Манифест.

„Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода… “„…Ние не дигнафне пушка протиф вас – това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирнио, трудољубивио и чеснио турски нарот, шчо се прерануат, како нас со крваф пот – тој јет наш брат и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и да крадиме – доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуваме и да бесчестиме вашите мјаки и сестри, жени и ќерки; требит да знајте оти вашио имот, вашио живот, вашата вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет скапи нашите…“ – напиша Нухиу во честитката по повод најголемиот државен празник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This