Никогаш не видел пари: Влатко Чинговски дежypeн сведок на СЈО, а сега и на обвинителството за организиран kpиминал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во судот денес сведочеше и Влатко Чинговски, кој самиот си кажа дека бил “пациент” на обвинителството и на СЈО и кажа дека во случајот Талир 1 тој бил прво повикан како осомничен за сторено кривично дело злоупотреба на службена должност, но подоцна го преиначиле во сведок во тој а еве и во овој предмет за кој и самиот изрази чудење зошто е викнат за сведок бидејќи немал никаква врска со тоа. Слично како и Мартин Протуѓер кој беше во листа на осомничени, па во последен момент неговото и е мистериозно го снема од листата на обвинети во Талир 1, па така му остана само обвинението од предметот Титаник заради што стана соработник на Заев и на обвинителството.

Од Влатко Чинговски беше побарано да раскаже нешто што го раскажал и во случајот Талир 1 а кое во ниеден нормален суд, не би било земено како доказ, бидејќи самиот Чинговски нагласи дека пари со свои очи не видел, туку само му се појави сомнеж.

Имено, Чинговски раскажа дека тој освен што бил директор на ЕЛЕМ, бил и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ од 2005 до 2010 година и во исто време бил задолжен да координира 5-6 општински комитети.

Во тоа време вообичаено било луѓе од општинските комитети да му оставаат пратки со документи нему лично или на неговото работно место наменети за генералниот секретар Кирил Божиновски. Се течело нормално освен еднаш кога Кирил Божиновски наводно му се јавил и му рекол дека содржината на тоа што го доставил не кореспондира целосносо очекуваното од него.

Тогаш Чинговски се посомневал дека можеби во некој од документите имало освен документи и парични средства и побарал од Божиновски да не го мешаат во такви работи. Но, по некое време уште еднаш или двапати Божиновски се пожалил на ист начин по што Чинговски го известил претседателот Груевски. Груевски според зборовите на Чинговски оставил впечаток дека не е запознаен со тоа и дека дури е зачуден. Во поматамошниот тек на разговорот наводно Груевски спомнал дека освен стручните работи како државни функционери сите треба да се грижат и за партијата, но при тоа не спомнал финасии туку општо. Потоа веќе Чинговски никогаш немал такви проблеми.

Во ова сведочење Чинговски јасно потврди дека пари никогаш не видел, но од реакцијата на Божиновски се посомневал во тоа. Така што, иако истиот како и Мартин Протуѓер сакаше да и. “Фрли коска за глодање” на Лиле Стефанова за да не го нападне со одмазднички чекори, всушност таа во едно нормално и праведно судство од ова сведочење нема ама баш ништо, слично како и “коската за глодање” од уценетиот соработник на Заев – Протуѓер .

Овие неколку сведочења потсетуваат на сведочења на некои историски личности во нашата историја кои под голем притисок, закани и малтретирања прифатиле да бидат соработници но со исказите не допринеле многу на комунистичката власт. Сепак, таа недемократска власт и таквите “бегли” и празни сведочења ги користела за да осуди македонски дејци на долгогодишни затворски казни.

Прва беше Гордана Јанкуловска, која иако во моментот издржува затворска казна за предметот “Тенк” за кој е познато дека е дел од политички мотивираниот прогон на власта, таа од поранешните функционери најдостоинствено се држеше.

Јанкуловска изјави дека во времето кога таа е генерален секретар на партијата(2004-2006 година) сметката на партијата била речиси цело време блокирана и опстојувале главно од помали донации со кои ги покривале основните трошоци за бензин, канцелариски матерјали и слично.

Потврди дека сефот каде се чувале тие помали парични средства бил во нејзината канцеларија и дека само таа ја имала шифрата. Кажа дека Никола Груевски никогаш од неа не побарал ниту добил пари од партиските пари.

Кажа и дека донаторите најчесто сакале да се престават пред претседателот на партијата како највисок авторитет во партијата во тоа време, но подоцна реализирањето на донацијата го вршеле кај неа, а додека Груевски разговарал со донаторите најчесто ја викал на состанокот и потоа таа го превземала физичкото лице кое сакало да донира. Во многу ретки ситуации, еднаш или два пати, кога таа заради приватни обврски не била присутна во штабот, донаторите ја оставале донацијата или кај секретарката или кај претседателот кои потоа и ја давале а таа ја евидентирала и најчесто издавала налог каса прими. Кажа дека како раководство затекнале сефови во неколку простории во штабот каде главно се чувале важни документи.

ОНа прашање кажа и дека мисли дека и во работната соба на претседателот на партијата имало сеф, но искажа дека не е сигурна околу тоа, што е ирелевантно бидејќи тоа не значи ништо во случајот. Медиумите блиски до СДСМ се фатија за овој дел од изјавата и го извадија како наслов, како да е забрането да се чува сеф во кој секое правно лице чува доверливи документи.

Имаше уште двајца сведоци од кои апсолутни немаше ништо значајно. Едниот Нинослав Стојановски од Тетово кој кажа дека бил секретар на некој месен комитет во Тетово и како бизнисмен донатор ново помали износи. Тој кажа дека парите кои ги давал и тој и другите служеле за поправка на кровот, купување пијалоци и слични ситни трошоци во месниот комитет и дека му било чест што донирал. За некоја поголема донација која ја уплатил на сметка на партијата кажа дека тоа го направил благајникот.

На прашање дали се сретнал некогаш со Никола Груевски и дали му дал пари нему лично, кажа дека пари никогаш не му дал и дека не се сретнал иако би му било чест се сретне и запознае.
Последна сведочеше Ленче Папазова, сметководител на фирмата Сирах, која кажа дека Ристо Новачевски дошол кај неа како сметководител за фирмата Сирах и дека веројатно дошол по нечија препорака, но не се сеќава по чија. Таа си ја завршила нејзината стручна работа а фирмата си платила за услугата.

Во нормално судство, нормален обвинител со вакви “докази” и “сведоци” би го повлекол обвинението, бидејќи нема елементарен доказ дека Груевски купил земјиште или станови, освен по некои недоречени искази на уценети сведоци кои веќе во следната реченица сами себе се негерираат за тоа што го кажале.

Ако Груевски не го купил земјиштето или становите за кои има доказ дека ги изнајмил, тогаш нема предмет, нема случај, нема зошто да се води судска расправа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This