April 16, 2024, 10:36 pm

НИКОГАШ ПОВЕЌЕ: Катица Јанева разрешена – Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска и останатите обвинители заминуваат од каде што дошле

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советот на јавни обвинители вечерва едногласно одлучи да ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а в понеделник ќе одлучува за статусот на останатите обвинители од Специјалното јавно обвинителство. За нејзино разрешување гласаа сите осум присутни членови на Советот на вонредната седница.

 

„Советот на јавни обвинители на денаешната седница едногласно одлучи да ја разреши од функцијата специјален јавен овинител Катица Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење”, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски по завршувањето на седница.

Колевски на прес-конференција соопшти дека според Законот за СЈО, нема услови за поставување вршител на должност специјален јавен обвинител, бидејќи предлогот за именување го дава Собранието.

На прашањето што ќе се случува со останатите обвинители од СЈО, Колевски рече дека тие најверојатно ќе бидат распоредени во обвинителствата од каде што дошле во СЈО.

Седницата на Советот на јавни обвинители траеше час и половина откако претходно Собранието донесе одлука за разрешување на Јанева. Одлуката на Советот треба да се објави во Службен весник, но Колевски изјави дека практично таа стапува во сила денеска, еден ден пред завршувањето на мандатот на Јанева.

Процесот на разрешување на Јанева почна на 5 септември, кога Комисијата за избори и именувања зад затворена врата едногласно и без дебата донесе заклучок да му предложи на Собранието да ја разреши Јанева. Одлуката беше донесена врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење. Потоа Собранието на Република Северна Македонија на денешната 112-та седница ја разреши Јанева со 102 гласа „за” без воздржани и против. За оваа одлука гласаа „за” и 27 припадници од заедниците кои не се мнозинство. Веднаш по завршувањето на седницата претседателот на Собранието, Талат Џафери го потпиша предлогот за разрешување и го достави до Советот на јавни обвинители кој на вонредна седница ја потврди одлуката за разрешување.

Јанева е третоосомничена во случајот „Рекет” и се наоѓа во притвор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This