НИКОГАШ ПОМИЗЕРНО НЕ СЕ ЖИВЕЕЛО ВО МАКЕДОНИЈА: Половина од граѓаните не можат да си дозволат одмор, третина не можат да отидат во кафана!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните секој ден се се посиромашни. Економската политика на триото Зоран Заев, Кочо Анѓушев и Драган Тевдовски донесе само црнила за народот. Семејствата едвај сврзуваат крај со крај. Семејните буџети не се доволни само за прехрана на најголем дел од граѓаните, а не пак да остане нешто за други животни потреби, како што е одмор, одење во ресторан или театар. Сиромаштијата е влезена длабоко во секој сегмент од животот на граѓанинот во Македонија.

Платата не е доволна луѓето да си дозволат одмор, театар или кино – коментираше универзитетскиот професор по социологија др. Илија Ацески, во емисијата „Топ тема“ на Телма каде се анализираше истражувањето, односно телефонската анкета на Телма и МЦМС на тема сиромаштија.

Бројките од истражувањето навистина се поразителни.

Резултатите покажуваат дека една четвртина од испитаниците немаат никакви месечни примања, од кои најбројни се оние од 18 до 29 години.

Месечни примања до 200 евра имаат најмногу испитаниците на возраст од 50 до 64 години. Кај етничките заедници состојбата е следна: 56.5 % од Роми, 38.4% Албанци и 20.0% Македонци се без никакви месечни примања.

Анкетата покажала дека високи 46.5 отсто од граѓаните не можат да си дозволат да одат на годишен одмор. 26,5 отсто можат да одат од 6 до 10 дена, 12,4 отсто можат да одат помалку од 5 дена, 7,4 отсто можат да одат на одмор до две недели. Секој петти граѓанин пак, никогаш не бил на одмор.


Според професорот Ацески доколку повеќе од половина од луѓето не можат да си дозволат да одат на одмор, но дека и вработените не можат да си дозволат ваков сегмент во живеењето, говори за квалитет на животот, кој е под нивото.

Некои показатели укажуваат дека сме под нивото на живот и на Косово и Албанија. Популизмот продолжува и понатаму. Влезот во НАТО и ЕУ може да даде некоја надеж, но нема да ги даде сите решенија – вели професорот Ацески.

И рестораните се луксуз за Македонците.

Во ресторан никогаш не јаде, секој трети граѓанин, а ретко тоа го прават дури 20,8 отсто. Неколку пати годишно во ресторан јадат 13 отсто, а исто толку проценти тоа го прават неколку пати месечно. Само 5 отсто граѓани, во ресторан одат неколку пати неделно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This