НИКОЛА ГРУЕВСКИ НА ПРОШЕТКА НА ШИРОК СОКАК: Средби со граѓани и задолжителното кафе со младите на најпознатата улица во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По работната агенда во Битола, Груевски попладнево прошета на Широк Сокак.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска беше во посета на Битола, попладнево прошета на Широк Сокак во друштво на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, како и членови на општинскиот комитет на партијата од овој град.

Груевски можеше да се забележи во едно од битолските кафулиња, каде се дружеше на кафе муабет со подмладокот на ВМРО-ДПМЕ од Битола.

Претходно, Груевски посети дел од инфраструктурните проекти што ги реализира локалната самоуправа – некои самостојно, а дел почнати со поддршка на Владата раководена од неговата партија.

Груевски го посети основното училиште „Елпида Караманди“ каде по 37 години се врши сериозно реновирање на училишната спортска сала, како и реновираната спортска сала „Младост“ која, исто така, беше дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

За време на посетата на Битола Груевски ја посети и поранешната касарна во која општината вложила околу 3,5 милиони евра за изградба на нова населба.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This