НИКОЛА ДИМИТРОВ ФАЛСИФИКУВАЛ ДОКУМЕНТИ: Со амин на Заев, менувал датуми на документи за да го одложи поставувањето на амбасадор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ги повикувам Владата на Република Македонија и МНР да и одговорат на јавноста зошто донеле незаконски заклучок и зошто е направен фалсификат во датумот на прием во МНР? Ако се во право, зошто направиле фалсификат?, пишува на својот ФБ профил поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски откако новата влада го блокираше неговото поставување за Амбасадор и шеф на Мисијата на Република Македонија во ЕУ.

Почитувани, иако во моите претходни реакции споменав дека одговорот на сите прашања лежи во почитувањето на Уставот и Законот за надворешни работи, за жал Владата на Република Македонија директно ги прекршила истите, а МНР направило и фалсификат. Имено во желбата политички да се блокира моето поставување за Амбасадор и шеф на Мисијата на Република Македонија во ЕУ, Владата одржала затворена седница на која донела заклучок за прекинување на постапката за именување. Заклучокот кој во интерес на јавноста го ставам на увид е спорен од неколку аспекти:

  1. Во истиот не е цитиран ни еден член на Законот за надворешни или Уставот по кој е донесен. Причината е многу едноставна- таков член нема! Никаде во законот не е пропишано дека може да се прекине завршена постапка.
  2. Донесен е само заклучок без одлука. Одлуката треба да ја потпише Премиерот, веројатно свесни дека го кршат законот товарот го префрлаат на Генералниот Секретар.
    До денес ни Владата ни МНР писмено ме нема информирано за нивните активности, веројатно од причина што се незаконски
  3. Најголемиот скандал- датумот на прием на записникот во МНР. Направен е фалсификат! Со пенкало бројот 20 е заменет со бројот 19, за приемниот датум да биде 19ти Јуни, а не 20ти Јуни. Зошто им била потребна оваа работа само во Министерството за надворешни знаат..

Ги повикувам Владата на Република Македонија и МНР да и одговорат на јавноста зошто донеле незаконски заклучок и зошто е направен фалсификат во датумот на прием  во МНР? Ако се во право, зошто направиле фалсификат?

Исто така ги повикувам да престанат да го уриваат угледот на Република Македонија во Европската Унија, да престанат со несериозниот однос и желбата за теснополитички пристап во надворешните работи. Како со кршење на Уставот и законите, како со фалсификати Македонија ќе спроведува реформи и ќе се приближува до ЕУ?

Ако Македонија во ЕУ е наша заедничка цел оваа игранка која носи само уривање на угледот на државата во ЕУ треба да заврши ден поскоро и заеднички со одговорен пристап да се посветиме на приоритетите. Почитувањето на законите, а не нивното кршење, правилните одлуки, а не фалсификатите се вистинскиот европски пат.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This