March 29, 2024, 10:56 am

Hикoлa и Бopкицa Гpyeвcки еkckлyзивнo зa “Инфoмaкc”: Heкои пoлитичapи се yштe ни ce плaшaт oд ceнkaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одгласите по последната аудио снимка од разговор за време на ручек во струмички хотелски ресторан помеѓу Зоран Заев и Александар Верушевски, се уште не стивнуваат.

Од овој кафански разговор, произлегоа многу шпекулации, озборувања и дискусии. Инфомакс ја пронајде снимката на Jутјуб која уште во 2016 година, после разговорот на Заев со Верушевски излезе во медиумите и сега ја реобјавуваме. Од снимката во првиот дел се гледа локална етно музичка група која има свој перфоманс пред поголема група гости во хотел на море, вообичаена работа која ја организираат повеќето хотели кои привлекуваат гости на годишен одмор и на истата се слушаат гласовите на екс-премиерот и неговата сопруга Боркица со шеговити коментари на самиот Груевски. Во вториот дел има снимка од плажа каде што може да се види и самиот Груевски и се слуша гласот на неговата сопруга која го снима видеото. Се слуша како тој го прашува обезбедувањето за нешто дали има некој проблем а потоа и се обраќа на сопругата и и вели “ајде Бока одиме”(како што ја ословуваат пријателите).

Од разговорите на Заев и А. Верушевски се слуша и дека Сашо Мијалков бил во комуникација со нив и договарал излегување на Зоран Верушевски од притвор, но главниот разговор е барање на А.Верушевски до Заев да престане користењето на “бомбите” и да дојде до помирување, па кому народот ќе му даде поголема доверба да ја води државата.

Инфомакс се потруди телефонски да го исконтактира Груевски и по повеќе неуспешни обиди стапивме во контакт со него. Ни кажа дека е во движење и не беше расположен за подолг разговор, но сепак успеавме да добиеме одговор на неколку наши прашања. На нашите прашања ни одговори дека никогаш во животот не се сретнал и запознал со Александар Верушевски ниту со неговиот татко Зоран. Дека не знае за она што се говори во снимката, а упатува на тоа дека Сашо Мијалков уште од 2011 година бил во комуникација со Александар Верушевски и додаде дека не знае дали тоа е точно, а истиот одговор го даде и на прашањето дали знае за наводната активност на Мијалков во ослободување од притвор на Зоран Верушевски.

Груевски за изјавата дека бил “мртов Германец”, шеговито прокоментира дека според кажаното произлегува дека СДСМ во декември 2016 година ги загубиле изборите од партија предводена од “мртов Германец”.

Го прашавме и за делот на разговорот каде се говори дека Заев имал снимки од кои се гледало за луѓе од неговиот тим, а делумно и за него дека биле хомосексуалци или бисекцуалци, дека се дрогирале и дека биле педофили слични квалификации. Груевски одговори дека не знае нешто такво за неговите тогашни соработници и не верува во тоа, а што се однесува за него лично кажа дека ништо од тоа не е вистина и дека такво нешто не постои, а доколку било кој тврди дека поседува таква снимка слободно може да ја објави веднаш.

Додаде и дека во минатото се обидувале да го дискредитираат на личен план со пуштање разни вакви и слични гласини меѓу народот вклучувајќи и тоа дека ја тепал неговата сопруга, а повремено и со обиди да му креираат афери со жени со кои го фотографирале на улица или на некој настан. Очигледно колку повеќе имате подршка од народот толку повеќе треба да очекувате удари под појасот кога сте во висока политика ни рече тој, додавајќи дека иако подолго време е излезен од политиката и е речиси целосно политички не активен, некои политичари во Македонија се уште се плашат од него и на дневна основа тие и ним блиските медиуми се занимаваат со смислување лаги и афери за него, тргнувајки од разни лажни и монтирани обвиненија на обвинителството во судот до ваков вид муабети на кои заедничка цел е негова дискредитација во очите на граѓаните.

Ни кажа и дека веќе му е здосадено постојано да демантира, дека секој ден некој го обвинува со некаква лага и дека веќе не ги ни демантира или мошне ретко го прави тоа, сметајки на тоа дека граѓаните низ неговата работа и делување имале доволно време да го запознаат и да изградат мислење за него и неговите активности и резултати во политиката и како премиер и претходно како министер и член на парламентот.

На крајот само слушнавме дека се поздравува со некои луѓе говорејќи англиски но и неколку збора на унгарски по што не замоли да го завршиме разговорот бидејќи веќе влегол на состанок.

Потоа Инфомакс се обрати на неговата сопруга Боркица Груевска од која побаравме краток коментар за ова што се зборува за Никола Груевски во снимките. Ја прашавме дали тоа е точно и дали се точни и гласините од минатото дека ја тепал и слично.

Таа кратко ни одговори дека ништо од тоа не е точно, дека се е лага и црна кампања против Никола и дека е згрозена од она што и сега и порано го слушала во црната кампања против нејзиниот сопруг, а особено во приватниот дел. Кажа дека политиката и политичката борба во Македонија ги надмина сите можни граници. “Никола не е таков човек, ни рече таа. Ништо од ова не е точно, се е лага”, ни рече таа.

Ова е прва изјава на Боркица Груевска одкако јавноста прв пат ја виде со него во јавноста во 2006 тата година на музички концерт.

Таа во целост ги демантираше наводите на Александар Верушевски и Зоран Заев за тоа што се случувало на фамозниот одмор на Сејшелите во 2012 година.

– Особено сум непријатно изненадена од новинари интелектуалци кои што наместо да ја истражат целата ситуација тие бесрамно се насладуваат и дополнително без никакви докази се надоврзуваат на истата таа приказна. Инаку снимката која излезе во јавност ја потврдувам веродостојноста бидејќи јас и Никола бевме заедно таму во придружба на службено обезбедување кое тој дотогаш го имаше. Така што сите оние кои внимателно го погледнале видеото ќе забележат дека во позадина се слуша женски глас кој снима. Кој што е поточно мојот глас. Никаде не излегов на снимката, но можам да потврдам дека јас сум таа. 

На прашањето дали екс премиерот бил насилен кон неа, таа одговори дека такво нешто не се случило.

-Тоа се само лаги и шпекулации, потенцираше Груевска.

Фото:
Ѓорги Личовски/ЕПА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This