НИКОЛА И НИКОС БИЛЕ ДРУГАРЧИЊА: Поради виткањето на кичмата, Грците признаа дека со СДС е полесно да се преговара

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вчерашната средба меѓу МНР на Македонија и Грција во Атина, Никос Коѕијас и Никола Димитров, грчкиот министер „откри“ една голема јавна тајна – дека на грчката страна секогаш и е полесно кога преговара со СДСМ.

„Задоволни сме што соседната земја го најде патот за стабилноста, навистина сме задоволни со се што чувме за заложбите на новата влада и премиерот Зоран Заев. Преговорите стануваат попријатни“, изјави меѓу другото Коѕијас после средбата со Димитров.

Тој исто така додаде дека без промена на името на земјата нема да има промена на грчките позиции во однос на приемот на Македонија во НАТО и ЕУ. Имајќи предвид дека Заев одамна најави виткање на кичмата во спорот со името, како и дека на СДСМ не и приличи да биде патриотска партија, може да се претпостави зошто на Коѕијас и Грците им пречело ВМРО-ДПМНЕ, а работите им одат глатко со СДСМ.

Токму проблемот со името на земјата и еластичната кичма на СДСМ според многу аналитичари беа клучни во нескриената поддршка која пред, за време на и по изборите ја добиваше СДСМ за да формира влада по секоја цена. Според аналитичарите, интересот за територијата на Република Македонија за некои силни центри не подразбира „виткање на раката“ на Грција, туку виткање на кичмата на Македонија, за што секогаш е подобар човек кој сам се пријавува дека е подготвен да ја заврши работата – како Зоран Заев.

Доказ за ова е што промената на името стана една од првите задачи на антиреформската влада на Заев, а не 500 евра плата, 100.000 плата за доктори и другите работи кои Заев ги ветуваше, а не се зафаќа со нивно исполнување.

Се зборува дека Никола Димитров е одбран токму за да ја изврши оваа задача, а средбата со Коѕијас само ги потврдува овие шпекулации. Признанието на Коѕијас доаѓа неколку дена после срамниот и тажен почеток на дипломатската кариера на Никола Димитров кој во интервју за Фајненшел Тајмс најави дека Македонија е подготвена за промена на името за да се интегрира во НАТО.

Уште еден момент кој го забележа јавноста беше, како што коментираат луѓето по социјалните мрежи, „сервилниот и умилкувачки тон“ со кој пред камерите настапи Димитров, покажувајќи голема понизност пред Коѕијас во попуст обид да е духовит.

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This