НИКОЛА МИТРЕВСКИ: Очајно, катастрофално, младите како незаинтересирани..!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Црвено-жолтите” беа рамноправни во текот на целото прво полувреме, па дури и водеа со три голови разлика, но веднаш на стартот од вториот дел падна концентрацијата, со многу технички грешки…„фуријата” тоа го искористи за краток период и со клучна серија за нови бодови.

Сега Хрватска и Шпанија кои имаат максимални четири победи утре ќе се борат за врвот, а Македонија ако сака пласман во главната фаза ќе мора да оди на триумф против Исланд, меч кој што започнува од 18:00 часот.

Репрезентативецот на Македонија, Никола Митревски:

„Натпреварот против Шпанија го почнавме одлично, и во нападот и одбраната. Следуваа неколку наши загубени топки, за наша несреќа топката се одбиваше неколку пати во нивните раце. Добро се браневме во првите 30. минути, но стартот на второто полувреме беше катастрофален, со многу грешки, лесно се предадовме. Ете настапивме и со втора постава, но младите како да беа незаинтересирани. Во еден момент во вториот дел во обидот да спасам една топка, добив удар во пределот на слабината, делуваше врз мојата игра и поради тоа не успеав да имам уште некоја одбрана повеќе. Како и да е, севкупно прво полувреме позитивно, второ очајно”.

Митревски имаше фантастично прво полувреме, доби дури и пофалби од шпанскиот селектор. Нашиот чувар на мрежата вели дека на утрешниот меч со Исланд мора да се оди на победнички резултат, ако сакаме пласман во Топ 12 на Мундијалот:

„Од почетокот на групите се знаеше дека со Исланд ќе биде одлучувачко. Мораме утре да победиме, да го дадеме максимумот, да играме паметно, трпеливо, без избрзани шутеви. Ретко кој игра добро константно во текот на сите 60. минути, наше е грешките да ги има во што помал број, се надевам нема да ги има во погрешни моменти. Што се однесува до Исланд, не треба да гледаме, внимаваме само на Палмарсон, сите играчи кои ги имаат на располагање се многу добри, квалитетни. За нас овој меч е како финале”.

Извор:sportmedia.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This