НИКОЛИЌ ЈА ШОКИРАШЕ ЈАВНОСТА:: Ако треба и јас и моите синови ќе војуваме на Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот претседател Томислав Николиќ изјавил дека е подготвен да се повлече од претседателската функција доколку Србија, во случај на убивања на Срби на Косово, „го премолчи тоа“, пренесуваат српските медиуми.

dwqefwegrehytae

Реакциите на европските претставници на неговите изјави дека Србија е подготвена да испрати војска на Косово, српскиот претседател ги окарактеризирал како „измама“.

-ЕУ требаше да реагира кога пругата беше минирана и кога не беше дозволено да помине српскиот воз. Ако Јоханес Хан вели дека јас не гледам иднината и дека иднината на Србија е независно Косово, тогаш нема за што да разговараме. Тогаш тој е измамник и тоа што ЕУ го прави е измама- потенцирал Николиќ.

На констатациите дека неговите изјави ги вознемириле луѓето, српскиот претседател рекол дека луѓето на Косово се вознемириле кога ги виделе припадниците на специјалните единици на Косово, РОСУ.

-Дали тоа е дел од Србија? Да, и тогаш сите сме вознемирени – навел Николиќ, додавајќи дека не се закануваат со оружје, туку отворено кажуваат дека ако српскиот народ е загрозен на Косово, тој, па и неговите синови, се подготвени да одат и да војуваат.

Николиќ порачал дека Србија ќе ги одбрани Србите на Косово и дека за ова постои целосна согласност на владата и претседателот.

-Тоа што реков дека ќе испратиме војска се заклучоци на Советот за национална безбедност – рекол тој. Запрашан околу тоа дали ова има врска со претстојните претседателски избори во земјата, Николиќ додал дека „не го конструирал тоа бидејќи се уште не е нити кандидат за тие избори“.

-За ова говорам како претседател на Србија, а не како кандидат и се грижам за животите на Србите на Косово, но и насекаде, и не ми е до рејтингот – заклучил српскиот претседател.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This