April 23, 2024, 10:11 pm

Николовска спречена да поднесе барање за извршување на инспекциски надзор: Ова ли се институциите кои се грижат за граѓаните?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека денеска била во Државниот инспекторат за животна средина каде сакала да поднесе барање за извршување на инспекциски надзор во општина Карпош, но таму се соочила со непријатен однос од вработените.

-Како граѓани и жители на општина Карпош, сакајќи да ја зачуваме и заштитиме нашата животна средина и системот на водоснабдување од шут, смет, железо и сл., кои се резултат на градежни активности, денес пристапивме во Државниот инспекторат за животна средина со цел да поднесеме барање за извшување на инспекциски надзор.
Уште од влезот на пријавницата не ни беше дозволено да појдеме до архивата, барањето не ни беше примено ниту архивски заведено и покрај нашето инсистирање, па згора ни беше кажано дека е таква наредбата (никој да не се пушта во инспекторатот) и дека во цел инспекторат денес нема никој дојден на работа!
Почитувани граѓани, ова ли се институциите кои работат за нашите интереси и кои треба да се грижат за нас граѓаните??? Институции во кои не ни е дозволено да влеземе за да оствариме основно законско право, институции од кои не бркаат ???
#државенинспекторатзаживотнасредина, стои во нејзиниот пост ја Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This