Николовска: Cyдот во Стразбур ја прифати жaлбата зa kaзната во случајот 27 април

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Адвокатот Ружица Николовска преку социјалните мрежи соопшти дека жалбата по повод казнувањето во предметот „27 април“ е прифатена од страна на Стразбур и истата ќе биде разгледана со што се надева дека ќе донесе правилна одлука.

-Во предметот познат во јавноста „27 април“ како еден од највисоко профилираните кривични предмети во македонското судство, ние адвокатите бевме казнувани при пружањето на нашата одбрана спрема клиентот. На едно од одржаните рочишта, токму јас како бранител бев казнета од страна на претседателот на советот, судијата Добрила Кацарска, заради наводно „иронично“ обраќање кон судот, и ми беше изречена парична казна во висина од 500 евра.

Николовска додаде дека по исцрувањето на домашните правни средства, се обратила до Европскиот суд за човекови права повикувајќи се на повреда на член 10 од Европската Конвенција односно повреда на слободата на изразување, каде жалбата и е прифатена и ќе биде разгледана.

„По искористување на сите домашни правни средства за оспорување на таквата одлука, и се разбира ниту една од домашните одлуки не беше во моја корист, освен издвоеното мислење од еден од уставните судии, поднесов жалба до Европскиот суд за човекови права повикувајќи се на повреда на член 10 од Европската Конвенција односно повреда на слободата на изразување. Мојата жалба е прифатена од страна на Судот во Стразбур и истата ќе биде разгледувана, за што искрено се надевам дека ќе биде донесена правилна одлука, посебно што Судот ја препознава важноста и сензитивноста на слободата на изразување!“, појаснува Николовска, додавајќи дека адвокатурата претставува уставна категорија и адвокатите се должни да ги штитиме правата и интересите на секој клиент.

„Па така, секое неосновано казнување и заплашување со казна спрема бранителот, претставува обид за замолчување. Имено, ограничувањето на слободата на мисла и јавното изразување на мислата мора да биде пропорционално на легитимната цел и пред се, неопходно во едно демократско општество, за да може таквото ограничување да се смета за допуштено“

Николовска посочи дека оваа правна битка не ја води само за себе, туку за сите адвокати и заа заложба за почитување на законите и почитување на правата и слободите на секој еден поединец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This