Николовски: Воведуваме електронски систем за онлајн поднесување и следење на пријави

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Правиме уште еден храбар чекор кон подобрување на услугите кои ги добиваат граѓаните. Воведуваме Електронски систем за онлајн поднесување и следење на пријави, информираше денеска преку својот фејсбук профил вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Овој систем, како што посочува вицепремиерот, се имплементира како дел од владиниот план за борба против корупцијата со поддршка на УСАИД и има за цел да ги охрабри граѓаните да се борат против оваа појава со активно пријавување, нудејќи можност за заштита и целосна анонимност. Николовски додава дека станува збор за брз, ефикасен, модерен и анонимен начин каде граѓаните ќе може да испратат пријава за која било услуга, институција, како најавени корисници или како анонимни лица.

-Денес имав можност да ја проследам презентацијата на корисничкото, но и на заднинското, системско процесирање на пријавите во рамки на новиот систем. Од она што го видов, со сигурност можам да најавам дека навлегуваме нова ера на јавните добра и услуги, пишува Николовски на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This