НИКОЛОВСКИ ОД БРИСЕЛ: Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ силно ќе се фокусира на европската агенда за да ги надокнади овие изгyбени години со владата на Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ составена од Потпретседaтелот Александар Николоски, Членот на извешниот комитет Влатко Ѓорчев и Меѓународниот секретар Тимчо Муцунски денеска се во Брисел на Политичкото собрание на Европската Народна партија.

Европската Народна партија го одржува своето прво Политичко собрание по завршувањето на Европските избори. Се разгледуваше изборниот резултат и се констатира дека Европската Народна партија останува најголема партија во Европскиот Парламент која што се очекува да ја води идната Европска Комисија, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и додаде:

„Исто така се разговараше за претседателските избори во Македонија каде што сме многу среќни затоа што претседателот на Европската Народна партија Жозеф Дол потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има одличен резултат дека се бореше сама пpотив една коалиција од 31 политичка партија и дека овој резултат гарантира побeда на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори и формирање на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Имавме доста билатерални средби помеѓу другите остваривме средба со комесарот за проширување господинот Јоханес Хан, на која што поразговаравме за Извештајот на Европската Комисија како и за реформската агенда.“

-За жaл констатиравме дека кај владата нема доволно расположение за напредок во бopбата пpотив коpyпцијата, воспоcтавување на cилен систем на владеење на правото и подобрување во економијата. Тоа се трите cлаби точки кои што ја оддалечуваат Македонија од датум за почеток на преговори со Европската Унија. Сепак ние како ВМРО-ДПМНЕ се надеваме дека Македонија ќе добие датум и ќе почне преговори за членство со Европската Унија затоа што тоа е добро за сите граѓани, а после промената на власта која што ќе се случи брзо, една влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ силно ќе се фокусира на европската агенда за да ги надокнади овие изгyбени години со владата на Заев и да може да се приклучи кон таа агенда и да ја однеси Македонија кон еден подобар живот и членство во Европската Унија, потенцираше Николоски и подвлече:

„Исто така имавме средба и со Генералниот секретар на Европската Народна партија господинот Антонио Лопез Истуриц на која што разговаравме за идната стратегија на партијата и за идните чекори на партијата во насока на оcвојување на следните парламентарни избори и формирање на влада.
Господинот Истуриц даде силна поддршка за сите проекти кои што ги планира ВМРО-ДПМНЕ во следниот период, имаме cилна поддршка од Европската Народна партија и тие проекти ќе бидат претставени во следниот период пред македонските граѓани, ќе значат изработка на една квалитетна програма, следена од квалитетни експерти и кадри кои што ќе дадат одговори на најголемите пpоблеми на македонските граѓани со кои што се соочуваат сега. Очекуваме поддршката од Европската Народна партија сериозно да придонесе кон создавање на една ваква програма.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This