НИКОЛОВСКИ: Повеќе нема да бидам министер за земјоделство, тоа е сигурно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе се повлече од својата државна функција за да ја ја преземе партиската, Генерален секретар на СДСМ, откако така беше одлучено на Централниот одбор на партијата минатиот викенд.

Николовски нема дадено предлог за негова замена, но вели ќе разговара со премиерот Зоран Заев за неговиот наследник на функцијата.

Во однос на извештајот на ЕК, истакна дека генерално е позитивен во однос на земјоделието. Во однос на забелешките за слабата искористеност на парите од Платежната агенција вели дека сите 8,7 милиони евра кои се предвидени ќе бидат искористени до крајот на годината.

Инаку, заедно со одлуката Николовски да е нов Генерален секретар на СДСМ, без рзрешени и сите шест потпретседатели на партијата, генералниот, организацискиот и меѓународниот секретар, како и коордианторката на Форумот на жени. Уште тогаш Николовски кажа дека нема да биде министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Заев за Николовски рече дека тој е еден од поуспешните министри во Владата и дека тој сега ќе помогне во оваа партија да биде победничка и во иднина.

– Љупчо сега е време целокупниот потенцијал на партијата на добро организиран начин да го ставиме во функција на интересите на граѓаните, му порача Заев на Николовски по Централниот одбор.

Новоизбраниот генерален секретар се заблагодари за дадената довербата и рече дека се донесени храбри и решителни одлуки.

– Ќе работам заедно со новото раководство на СДСМ, со новиот Извршен одбор и потпретседателите што ќе бидат назначени во следните неколку недели, но ќе го црпиме и искуството од досегашните потпретседатели, генералниот секретар со целокупното искуство, мудрост и трпение што заеднички го имавме во претходниот перид. Но ќе работиме пред се на силна контрола за тоа како се реализира нашата програма и нашите ветувања, заради тоа што работиме силно и посветено, рече Николовски по завршување на седницата на ЦО на СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This