April 20, 2024, 11:02 am

НИКОЛОВСКИ: Појасна слика за реконструкцијата на Владата до крајот на неделата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во тек се консултациите на премиерот со коалициските партнери и очекувам до крај на неделава да имаме cepиозен исчекор за концептот на работата на Владата и предлозите што премиерот треба да ги достави до Собранието, изјави денеска генералниот секретар на СДСМ и министер за земјоделство Љупчо Николовски.

Николовски очекува дека во наредните денови ќе има повеќе информации во однос на реконструкцијата на Владата со која, како што беше најавено, тој ќе се повлече од министерската функција.

Сите кадровски преструктуирања односно зголемувањето на потенцијалот на капацитетите продолжува на сите нивоа и партиски и на ниво на Влада, и не само на министерско, туку и во останатите ешалони. Паралелно се одвиваат сите активности, но очекувам дека претседателот на Владата ќе ја информира јавноста во текот на следните денови за исходот од првичните одлуки за реконструкцијата на Владата, рече Николовски, одговарајќи на новинарски прашања.
Целосно ќе се адаптираме, дополни Николовски, на потребите, сигналите и пораките што ги пратија граѓаните во изминатиот период и на отстранување на сите слабости во функционирањето на коалицијата на Владата и на вкупниот амбиент. За новото кадровски решение во Министерството за земјоделство, како што најави, со премиерот ќе разговараат во тек на неделава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This