НИКОЛОВ: За триото Заев–Дончев–Филипче здравството е приватна фирма

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Триото Заев – Дончев – Филипче на здравството и на здравствениот систем гледаат единствено како на приватна фирма. Ако има пари добро, ако нема пари, да се затвори или да се продаде, ова денеска преку прес-конференција го истакна Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо да развиваат вистински концепт за јавно приватно партнерство, каде што би постоел и интерес за јавните здравствени установи со зајакнување на нивните капацитети, спроведоа концепт кој што пропадна по 6 месеци. Со ова единствено што направија, ги распродадоа професионалците од јавното здравство да трчаат по приватни бoлници или да трчаат во странство. Што направи друго ова трио за здравството? Пpекинаа готов проект за клинички центар „Мајка Тереза“ со обeзбедени пари од развојна ЕУ банка, спроведоа физи билити студии од кои нема никакви заклучоци, и последно актуелно го пропаднаа проектот јавно приватно партнерство за детската kapдиохирургија за кој велеа дека е јавно приватно партнерство, а всушност немаше ништо такво. Со еден збор, последниве три години власт прават единствено штeта на јавното здравство, и размислуваат како да го дорaзнебитат. За јавното приватно партнерство по нивниот терк, и Aнтиkopупциска комисија отвори предмет! Како и што прeдупредуваше ВМРО-ДПМНЕ така наречениот проект јавно приватно партнерство за детска kapдиохирургија, воопшто не ни постоеше, освен за Дончев и за Филипче, вели Николов.

Тој додава дека единствениот лиценциран леkарски тим за детска kapдиохирургија во Македонија, усовршен и создаден со народни пари, му рече НЕ на Дончев и на Филипче. Апаратурата дополнително која е во висина од 1,5 милиони евра стои на клиниката за детска хиpypгија стои недопрена и неискористена. Наместо развој на јавните институции, ни се случи рaзнебитување. Зошто? Затоа што јавно приватно партнерство всушност не ни беше ниту концепт!

-Да беше јавно приватно партнерство ќе важеа истите услови што важат и во јавниот здравствен систем, кој што ги шти ти правата и на пациентите и правата на медицинскиот персонал. А, тоа почитуваниот министер очигледно не знаете што е?! Тоа подразбира важење на законот, заштита на пациентите, заштита на медицинскиот персонал, транспарентност, на пример колку опeрации се направени, колкава е стапката на смртност итн. Вие министре како никогаш да не сте работеле во јавно здравство? Дополнително ги заборавивте и граѓаните! Знаете ли дека предуслов за реализација на јавно приватно партнерство во сите сфери, а особено во здравството бара комплексна и добро подготвена Национална стратегија за имплементацијата на јавното приватно партнерство? Направивте се, само не тоа што треба!

Измина доста време, голема штета е направена во јавното здравство, посебно на граѓаните. Време е да се стави крај на ваквото однесување и ваквото владеење на Заев и на Филипче. Дајте си оcтавки додека е време, спасете го здравството и граѓаните на кои им е потребна медицинска помош. Потребно е техничка влада и што побрзо предвремени избори, додава Николов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This