НИКОЛОСКИ: Владата да донесе мерки за зaмpзнyвање на цените на основните производи, враќање на заостанатото ДДВ и субвенции за пoгoдените компании

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Знаеме сите дека Македонија се соочува со сериозна појава чии прогнози кажуваат дека за жал состојбата само ќе се влоши. Колку посеопфатни бидат мерките и колку бидат побрзи толку помали ќе се последиците.

 

Да бидеме искрени покрај овие огромни здравствени проблеми им посакувам се најдобро и брзо закрепнување на сите оние кои што веќе се заболени од Корона вирусот и посакувам што помали бидат последиците но покрај тие последици ќе има сериозни економски последици, истакна денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој нагласува дека Македонија како дел од Европа ќе се соочи во наредниот период со сериозна економска криза која ќе е последица на ова што се случува со корона вирусот.

Тој ја потенцира разочараноста што владата останува нема на подадената рака за помош, која што ние ја даваме во овој момент што алармира дека мора да се стават на над политичкиот моментум и партиските интереси.

Ова не смее да се претвори во арена на кампања и политички маркетинг, кој што за жал го гледаме деновиве. Повеќе работа помалку политички маркетинг е она што треба да се случува во следниот период.

Според него неработењето на компаниите предизвикува штета. Таа штета може да значи да не може редовно да се исплаќаат плати во следните месеци што ќе значи дополнителен ѓок за граѓаните. Затоа бараме тие штети да ги надомести државата.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага неколку нови мерки.

Прво следење на примерот на Хрватска, каде владата донесе одлука за замрзнување на цените на основните потрошувачки производи во продавниците и замрзнување на цената на медицинските помагала и средства кои се неопходни за справување на последиците со корона вирусот. Ова мора да се направи веднаш за да се заштитат граѓаните, а во исто време да се спречи профитерство во овие тешки денови.

Второ, владата да донесе одлука и да побара од телекомуникациските оператори во месец март да донесат одлука со која што нема да ги исклучуваат оние корисници кои не ги платиле сметките. Брзата комуникација е примарна во решавањето на состојбата со која што е соочена Македонија во овој момент.

Исто така во изминатиот период излеговме со мерки кои ќе ги повторам кои се суштински кои за жал владата се уште не ги имплементира. Секој ден одлагање на овие мерки е удар врз македонската економија и ќе донесе огромни последици по сите граѓани на Македонија.

Итно замрзнување на обврските на компаниите кон државата, чија што работа е погодена од новонастанатата ситуација.

Итно замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодавателите за месец март, чија што работа е погодена од корона вирусот.

Државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од корона вирусот во висина од 50-тина проценти.

Итно враќање на сето заостанато ДДВ кон компаниите кое што државата им го должи на компаниите.

Субвенции за транспортните компании туристичките компании туристичките центри во Македонија, угостителските објекти, шпедициите, и извозните компании во тек на целата година затоа што последиците кои што ќе ги имаат во овие месеци ќе им се одразат во текот на целата година.

Николоски очекува овие мерки веднаш да бидат прифатени и нагласува декаВМРО-ДПМНЕ има два сериозни тима кои што ги става на располагање на сите граѓани на Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This