НИКОЛОСКИ ГИ ОТКРИВА СЛЕДНИТЕ ЧЕКОРИ НА ОПОЗИЦИЈАТА: ВМРО-ДПМНЕ организира голем народен митинг и спроведува силни теренски активности

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ е во една внатрешна реорганизација, а по неа се планираат силни теренски активности.

-Вршиме избор на локални раководства односно на претседатели на општински комитети и на раководство на општинските комитети кои се основен двигател на нашата политичка партија, кои се душата на ВМРО-ДПМНЕ.Тој процес е во своја финална фаза. Потоа планираме силни теренски активности. Дел од нив е големиот народен митинг кој ќе се случи во Скопје, но исто така ќе имаме многу активности на терен, во голем број на населени места.На терен, меѓу граѓаните, сакаме да ја пренесеме нашата порака, да ги претставиме нашите концепти кои ги градиме како ново раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Да дадеме јасна критика на Владата и сериозно да го подготвиме членството и симпатизерите, но и да ги поканиме неопределените да ни се приклучат во една силна битка која што ја поведуваме против оваа Влада на Република Македонија која ја води државата во погрешна насока, истакна Николоски во интервју за КУРИР.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This