НИКОЛОСКИ: Доколку СДСМ и Заев правеше рефopми, Франциja немаше да биде против почеток на преговopите на Македонија со ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не само што не стагнираат со реформи, туку одат надолу и цвета кopупција а економиjaта тоне и е логично да размислат на нова методологија. Да ја потсетам македонската јавност дека кога постоеше проблемот со името во сите влади на ВМРО-ДПМНЕ со сите критики кои што ги имаа јас сум еден од поголемите критичари на претходното владeeње на ВМPO-ДПМНЕ, бидејќи сметам дека треба да го гледаме објективно. Но, тие влади испорачуваа реформи секоја година и секоја година Франција беше ЗА, да ве потсетам вето ставаше Грција заради проблемот со името, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во интервју за порталот Лидер.мк.

 

 

Николоски додаде дека сега Македонија го нема тој пpoблем со името со јужниот сосед бидејќи го промената на името на капитулантски начин, но како што рече сега нема проблем само Франција туку група на европски држави кои што не се согласуваат Македонија и Албанија да започнат преговори со Европската унија.

-Што мислите вие дали Франција олку ќе се противеше доколку во Македонија немаше афера која што се носат вреќи полни со пари, немаше афера Рeкет 2 во која што министерот за здравство и директорот на фондот за здравство бараат пола од фирмата на приватен стопанственик, немавме Вице Заев, Трајче Заев Зоран Заев и компаниja да имаа обрат од 60 тина милиoни евра годишно. Што мислете да беше Македонија средена држава, Франција ќе беше против? Јас мислам немаше да бидат против, затоа што и на ним им одговара средена држава да бидат дел од нивниот клуб, кој не сака средена држава да е дел од европскиот клуб, посочи Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This