НИКОЛОСКИ ДО ЗАЕВ: Ајде на предвремени избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Заев согласно очекувањата избега од избори затоа што кажа уште едно друго решение, дека не би биле во корист на економијата и реформите на Република Македонија иако тој е веќе две години премиер на Република Македонија и нема ниту „Р“ од реформи, ниту „Е“ од економија, напротив економијата оди надолу, а секој ден гледаме корупциски скандали и инвестиции не доаѓаат, ова го потенцираше Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во вестите на телевизија Телма.

-После се она шо се случи, особено после срамната промена на името, логичен след е да се одржат предвремени парламентарни избори заедно со претседателските на кои што граѓаните ќе кажат дали се согласуваат со промената на името на државата, а тие тоа го кажаа на референдумот. Едно големо мнозинство одлучи тивко да го искаже тоа преку не излегување на референдумот кој пропадна, но сега ќе имаат можност гласно да го кажат и да ја отфрлат оваа ненародна власт. Заев е свесен за тоа и затоа бега од избори, потенцира Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This