April 18, 2024, 10:01 am

Николоски до Заев: Кoга сакаш, каде сакаш, во колку сакаш, повели на дуел, да видиме кого луѓето ќе поддржат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, носител на листата на кандидати за пратеници од ИЕ 4 денес се сретна до жителите на Миравци. Тој зборуваше за бегањето на Заев од телевизиско соочување со него. Заев во два наврати одбил телевизиски тебата со Николоски на две различни национални телевизии. На тие дебати теми на разговор требаше да бидат реализираните проекти во Изборната единица број 4, како и програмите на двајцата кандидати за регионот.

Николоски ја искористи приликата да го праша Зоран Заев од што се плаши.

Што е толку тешко да дојде на една дебата?, јавно праша Николоски.

Николоски уште еднаш упати апел до Заев тој самиот да избере и медиум, и термин, и да се појави на дебата.

Па да го повикам и оттука, кога сакаш, во следниве десет дена, до крај на кампања, на кој сакаш медиум, во колку сакаш часот, повели на дуел, на дебата, да ги споредиме аргументите, да видиме кого луѓето во четвртата изборна единица треба да го поддржат. Повели, охрабри се, на дуел, на дебата, повика јавно Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This