НИКОЛОСКИ ЗА ИЗВЕШТАЈОТ: Во извештајот на ЕК не е детектиран напредок во ниту една од клучните областуи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем. Политичкото мешање останува ризик“. „Се крие опсегот на користење на времените вработувања во јавната администрација што доведува до загриженост во однос на почитувањето на мерит системот. Владата не обезбеди податоци за договорите за определено време почнувајќи од 1 јануари“. Ова се само дел од бројните забелешки констатирани во извештајот на европската комисија кои што покажуваат како владата на Зоран Заев како ја управува државата, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

-Практично и не постои област во која што е постигнат чист напредок и нема никакви забелешки во однос на работењето на оваа влада. Доколку внимателно се прочита извештајот во ниедна од клучните области како што се јавната администрација, судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, нема оценка дека е направен добар напредок, туку секаде пишува дека е постигнато одредено ниво на подготовка што преведено школски е двојка. Петките со кои Заев сака да се пофали во јавноста, всушност се двојки. Граѓаните очекуваат СДСМ да си го исполни ветувањето што го даваше пред избори, а тоа беше прилично конкретно, евроатлантска интеграција на Македонија за шест месеци. Засега единствениот резултат после една година работа е зголемување на корупцијата во таа насока Република Македонија ја добива оваа препорака за почеток на преговори која што иста ја добиваше и седум години по ред. Мора да констатираме дека позитивен извештај за Република Македонија не е новина туку нешто што го гледаме од 2009 година навака, цели Николоски.

Тој посочува дека е јасно дека без разлика какви се извештаите што ги добива Македонија, отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ зависи исклучиво од решението на проблемот кој што Република Грција го има со нашето уставно име.

-За граѓаните на Македонија е најважна економијата бидејќи тие, за разлика од Заев и врхушката околу него, се мачат да преживеат од први до први. Европската комисија во Извештајот за напредокот констатира дека „има клучни слабости во економијата“. Во Извештајот Брисел говори за „Недостатоци во деловното опкружување, како што се слабото спроведување на договорите и големата сива економија. Структурните проблеми на пазарот на трудот се рефлектираат во ниската активност и високи стапки на невработеност. Фискалната политика е насочена кон краткорочни мерки и нема траен план за консолидација. Економијата сеуште страда од слабости во планови, ниските стапки на иновации и значајни недостатоци во инвестициите, вклучувајќи ја особено и јавната инфраструктура“. Накусо, СДСМ ветуваше инвестиции и вработувања, а во Извештајот се говори за висока стапка на невработеност и ранливост на економијата заради значајни недостатоци, нагласи Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека и самиот еврокомесар Хан претпладнево рече дека реформите мора да продолжат, особено во независноста на судството и економијата и не значи дека препораката не значи дека преговорите би отпочнале утре, а успех е членство во ЕУ, а не позитивна препорака.

-Изминатиов период гледаме само скандали на функционерите од власта и нивна неказнивост. Изминатиов период гледаме инструментализација на судството кое се користи за политичка пресметка со неистомислениците. Нема ниту една истрага против актуелен функционер, иако веќе помина една година од функционирањето на оваа влада, а не поминува ден да не излезе во јавноста афера за сомнителна набавка или расипништво со парите на граѓаните. Веќе една година владата на СДСМ е на власт, а функционерите на СДСМ се недопирливи. Останува, горчливиот впечаток дека Македонија и Албанија се во ист пакет. Македонија е земја кандидат за членство од 2005 година, а Албанија е земја кандидат за членство од 2014 година. Со неспособноста на оваа влада се изедначуваме со држава која беше 9 години позади нас. Ова е јасен показател дека владата на СДСМ нема човечки капацитет нити пак политичка волја да спроведе суштински реформи. И на крајот ВМРО-ДПМНЕ останува силно посветено на европската агенда, како конструктивна опозиција ќе дава поддршка на сите аспекти кои што се клучни за членство во ЕУ, но секако одговорност останува кај владата, вели Николоски.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This