НИКОЛОСКИ ЗА „ОТПИШАНИТЕ“: Oд појавата на бомбите па натака, не можевме да ги извадиме на телевизија да ја одбранат партијата, сега секој ден се на телевизија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Отвореното студио на телевизија Алфа, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски говореше за иронијата на секојдневните телевизиски настапи на поранешните членови и фунцкионери на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за промена на името или дадоа поддршка на истиот тој процес. Тој посочи дека од појавата на бомбите тие како што вели бегале од медиуми како ѓаволот од темјан сега не се симнуваат телевизија бранејќи ставови слични или идентични со оние на  Заев и СДСМ.

-Интересно, деновиве гледаме дел од поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ и поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кој што сега се исклучени од партијата буквално не се симнуваат од телевизија, а во еден изминат период не само ова дејствување на ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ туку некаде од појавата на бомбите па натака, не можевме да ги извадиме на телевизија да ја одбранат партијата.

И сега се поставува и тука логично прашање, како овие кои што бегаа од медиуми како ѓавол од темјан сега наеднаш добија желба да се појавуваат. И да е парадоксот за нив лично најголем, се појавуваат на медиумите кои што нив како личности и политичари ги уништија во јавноста. Се појавуваат на медиумите кои што ги нарекуваа со најпогрдни имиња, ги нарекуваа криминалци кои што велеа дека треба да одат во затвор, кој што велат дека носат чанти Прада, кои што велеа дека се министри за смрт. Значи на истите овие медиуми кои што им ги уништија кариерите сега се појавуваат со ставови кои што се блиски на овие ставови на СДСМ.

Се поставува логично прашање зошто тие ставови не ги артикулирале во рамки на ВМРО-ДПМНЕ во периодот  кога биле на највисоки позиции во рамки на партијата ВМРО-ДПМНЕ или ако наеднаш сега им се промениле ставовите и наеднаш сега не можат да се согласат со ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, зошто  не се пробаат на политичката сцена и да си формираат политичка партија, па да видат што мислат граѓаните за нив. А  вака криејќи се зад ВМРО-ДПМНЕ всушност одработуваат за СДСМ, обидувајќи да внесат раздор во партијата, но тоа не им поминува и нема да им успее, вели Николоски.

Николоски во своето вечерашно гостување се осврна и на повикот од страна на Вице Заев, за негово извинување за изјавата дадена по завршување на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во понеделникот.

Мислам дека не ми е на ниво да се спуштам на ниво на Вице Заев. Прво човекот нема никаква функција во оваа држава, освен што не може да помине работа во државата без тој да учествува, злоупотребувајќи ја позицијата на брат му. Нивото коешто го има, како и сите овие скандали кои кружат околу него не ми дозволуваат да се спуштам на тоа ниво, потенцираше Николоски во врска со извинувањето кое го бара од него Вице Заев.

Николоски во своето обраќање додаде дека дефиниција за една диктатура е кога ќе почне да им се заканува на политичките противници со Судот за јавно изречена мисла и збор, односно она што тој го рекол е само јавно изречена мисла и збор.

-Но, кога се заканувате со употреба на институциите коишто ви се под директна контрола во тој случај вие прво покажувате дека прво немате демократски капацитет и втора дека навистина вие ги конторлирате тие институции што е и вистинска дефиниција за диктатура. Па оттука се поставува прашањето кое судство ќе одлучува за неговата тужба за клевета?  Судство кое што  Зоран Заев го ослободуваат, а сите знаеме дека тој бара поткуп за него и брат му , додаде Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This