(Видео) Николоски: Кисела Вода на 17-ти октомври ќе слави победа, Ѓеоргиевски е чесен и работлив и ќе работи за доброто на сите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Навистина сум среќен што има позитивна енергија и позитивни вибрации на секаде низ Македонија. После 17 и 31 октомври Скопје ќе биде повторно вмровски град, рече Александар Николоски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во тек на трибина во општина Кисела Вода.

Тој кажа дека во Кисела Вода се потребни промени и дека истите ќе ги има на 17 октомври. Нагласувајќи дека актуелниот градоначалник Филип Темелковски е мрзелив и неработник, и со тие карактеристики ја води општината 4 години, затоа и има урбан хаос и ѓубре.

Николоски посочи дека заради неспособноста на Темелковски и неговата неработа и Цементара го загадува цело Скопје, заради отпадот кој го горат и за кој донесоа закон во собрание.

Имаме одличен тим предводен од Орце, кој е најдоброто решение за општината, тој е чесен човек, кој во соработка со сите вас граѓаните ќе донесе промени и едно чесно и одговорно работење, кажа Николоски.

Јас сум убеден дека на 17 и 31 октомври ќе славиме низ цела Македонија, затоа ве повикувам на масовна и голема излезност, рече Николоски и продолжи дека идеално за власта е луѓето да останат дома.

Од тие причини Николоски вели дека Зоран Заев води кампања сите се исти, со цел да ги пасивизираат луѓето.

Од друга страна Николоски рече дека во СДСМ врие и затоа немаат кандидати за градоначалници во многу места.


Видеото можете да го погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This