April 23, 2024, 10:53 pm

Николоски: Македонија не започна преговори со ЕУ затоа што имаме супер кopyмпирана власт која не стави во група со Албанија и немаме реформи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски гостуваше во вестите на Сител каде тема на разговор беа актуелните политички случувања во Македонија.

-Македонија изгуби три години со Зоран Заев, кој велеше дека е доволно само да се реши проблемот со името, за Македонија да почне преговори, гледаме дека трета година не почнува преговори, резултат на тоа е зголемената корупција и немањето реформи во Македонија, како една група на проблеми, и втората група на проблеми е ставњето на Македонија во ист пакет со Албанија, за што алармиравме уште минатата година кога тој договор беше направен меѓу владата на Зоран Заев и владата на Еди Рама. Нон-пјеперот на Франција е само последица, ние како држава за тоа немаме никакво влијание затоа што тоа се интерни работи во рамки на ЕУ, и за жал не испорачувањето на реформи и групата со Албанија не доведе во ситуација на неизвеност да исчекуваме дали и какви договори ќе има во ЕУ. Во целиот документ на Нон-пјеперот провеува владеењето на правото и борбата со корупцијата, што значи дека е детектиррано за Македонија како и за другите земји од регионот дека тоа е основниот проблем. Тоа е она што го зборуваме цело време, а тоа е дека владата на Заев е супер корумпирана и тоа е основниот проблем зошто Македонија не напредува. Во моментов имаме крими коалицја на власт, со која Макеодниај не иде напред, изјави Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This