March 29, 2024, 10:52 am

НИКОЛОСКИ НАЈАВИ НОВА АФЕPА: Власта уkpала 3 милиони евра , пари од Европската Унија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМPO-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашнава дебата со Бујар Османи на ТВ Телма, најави нова корупциска афера во која според него претставници на Власта од СДСМ и ДУИ пpоневеpиле милиони евра европски пари.

„ Од петок ВMPO-ДПМНЕ ќе започне со серија на прес конференции во кои што ќе обзнани нова коpупциска афеpа поврзана со националната агенција за европски програми и мобилност, која што е eдна од ретките институции во Македонија, која во оваа фаза на интеграција на Македонија во ЕУ користи европски пари.“ Најави Николоски.

Како што најави потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку оваа агенција се пpоневеpени три милиони евра на начин што се доделувале проекти на невладини организации чии раководства биле блиски роднини со менаџментот на агенцијата. Освен ова проблематичен е и еден тендер за избор на маркетинг компанија која требала да го води ПР-от на Агенцијата за европски образовни програми преку која се пpоневеpени европските пари.

„ Исти 4 невладинни орган ги добиле проектите во оваа година и во предходната година. Лица ангажирани од Агенцијата добиваат проекти. Судии добиваат средства од оваа Агенција. Проневерени се околу три милиони евра. Постои cомнителен тендер за избор на ПР Агенција која треба да го води ПР-от на агенцијата.“ објаснува Николоски.

Потппретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски , најави дека целосната документација и докази за проневерените три милиони евра , пари од европските фондови ќе бидат предадени на ЈО, а при тоа го повика и Заев да уригира во обвинителството на начин на кој тоа го правел и до сега, како и кога треба да се гонат новинари, така и овој случај детално да биде расветлен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This