Николоски: Не памтам дека било кој лидер на СДСМ од опозицијата се сретнал со премиер на земја членка на ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во вестите на Сител зборуваше за посетата кој тој ја имаше заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски каде истакна дека до сега не памети лидер на СДСМ во опозиција да се сретнал со премиер на земја членка на ЕУ.

-Прво јас не можам да се сетам дека било кој претставник на СДСМ додека беа во опозиција се видел со премиер на било која земја членка на ЕУ, немаше таков пример што значи дека нивото е многу различно, многу повисоко ниво е ВМРО-ДПМНЕ што се среќава со претставници на ЕУ односно се среќава со првите луѓе на државите во кои што одиме. Второ ќе ја потсетам јавноста дека кога СДСМ остваруваше средби дека тоа беше едно класично кодошење на штета на државата на пример Македонија земе многу поскапи кредити само заради тоа што тогашните функционери на СДСМ пишуваа писма до банките од каде што Македонија требаше да обезбеди средства за сопствениот буџет. И трета работа луѓето со кои што се гледаме се први луѓе на нивните држави и верувајте се исклучително добро информирани имаат и свои амбасади нормално тука и знаат и повеќе од што ќе им кажете, потенцираше тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This