Николоски: Не сакам да се видиме за 4 години во некоја друга држава и да ми речете во право беше

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 4 вечерва од Гевгелија порача дека на 15 јули треба да има референдумска излезност зошто се одлучува за Македонија.

„Потребна ни е голема, масовна, референдумска излезност. Овде во Гевгелија ако можат 75-80 проценти од луѓето да излезат и да гласаат зошто нашата цел е народот да одлучи. Ве повикувам вие да излезете за вие да ја донесете одлуката каде ќе оди Македонија во наредните 4 години. Ова се најважните избори од независнота на Македонија до денес следната година славиме 30 години независност. На овие избори одлучувате каде ќе оди Македонија и каква ќе биде, дали ќе ја има Македонија целосна и ли ќе се гласа за Заев кој ја распарчува Македонија. Не сакам да се видиме за 4 години во некоја друга држава и да ми речете во право беше. Затоа навреме да си ја заштитиме државата“, рече Николоски.

Тој кажа дека бандити корумпирани ја водат државата, тие се подготвени на се, како и да тргуваат и со државните интереси, со државата.

„Ако тој, Заев, го правел криминалот и мислел дека службите на две соседни држави тоа нема да го документираат се лаже. Затоа сега им се случува да им тропнат на маса со папката криминал и да им речат или потпишете или ова ќе излезе за вас. Ваквите бандити мора да ги испратиме на најтемните страни на македонската историја, ама и тие страни мора да се пишуваат“, порача Николоски.

Според него треба да се гласа за број 14 за да младите останат тука, земјоделците и сите граѓани да бидат задоволни.

„Затоа гласањето на 15 јули за број 14 е клучно, тоа е гласање за Македонија“, порача Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This