НИКОЛОСКИ: Одговорноста за фep избори останува на власта бидејќи таа ги организира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва на емисијата „И што сега“ на МРТ1, гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој говореше за изборите кои следат.

Николски посочи дека кај Зоран Заев има огромна разлика од говорено до реализирано и го спомена референдумот каде што се случија големи нepeгyлapнocти.

-И за референдумот се велеше дека ќе е кристален чист, па се случи тоа што се случи. Така што coмнeжoт останува. И тука е одговорноста на власта, власта е таа која што треба да ги организира изборите, појасни Николоски.

Николоски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ уште во јануари побара предвремени парламентарни избори.

-И покрај тоа што сакавме на граѓаните да кажат што мислат и кој треба да ја води државата во следниот период, една од основните причини беше затоа што парламентарните избори се единствени избори каде што опозицијата има право според Пржинската влада да партиципира во организацијата на изборите и колку толку да има гаранција фер и демократски избори, рече Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This