April 19, 2024, 10:32 pm

Николоски од Загреб: Туск смета дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која што треба да ја води Македонија напред

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски е на конгресот на Народната Европска Партија во Загреб каде ќе се избира нов претседател на Европската народна партија, ова денеска за Алфа телевизија го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Ние го започнавме работниот дел со многу билатерални средби, утрово имавме средба со претседателот на ЕУ Доналд Туск кој што е фаворит за претседател на европската народна партија и се очекува денеска да ја освои довербата на делегатите на Европската народна партија и да стане претседател на најмоќното политичко семејство во Европа, вели Николоски.

Тој додава дека Туск го започнал денот со средба со ВМРО-ДПМНЕ на која што бил информиран за состојбата во Македонија и работата на ВМРО-ДПМНЕ, подготовките за следните парламентарни избори како и замолиле за поддршка од Европската народна партија.

Туск силно ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања и тој смета дека тоа е политичката партија која што треба да ја води Македонија напред. Информиравме за сите оние недостатоци кои ја има владата на СДСМ, но во исто време лобиравме Македонија и граѓаните да не се заложник на овие лоши политики и Македонија да оди напред во евроинтеграцискиот процес, вели Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This