April 19, 2024, 10:51 pm

НИКОЛОСКИ ОТКРИВА ДЕТАЛИ: Уцени, обид за поткуп и физички закани беа пресудни пратениците да гласаат ЗА уставни промени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во своето гостување вечерва на ТВ Алфа изјави дека неговата партија останува на својот став, односно дека е заедно со народот НЕ за промена на Уставот.

Гласањето на потребата за отворање на македонскиот Устав беше класично усилување на демократијата. Јасно се гледаше дека Зоран Заев нема поддршка за гласањето, па тоа го направи со директни закани, и обид за поткуп, закани со судски процеси, тоа е стил на СДСМ, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Коментирајќи го брзото менување на ставот на осуммината пратеници Николовски вели дека власта преку монтирани политички процеси ги притисна пратниците за да го обезбеди потребното мнозинство. Злоупотребувајќи ја нивната мака и сериозните затворски казни кои им се закануваат, мнозинството го доби тоа што го бараше, но тоа нема да им ја оттргне ниту пак намали вината на пратениците, смета Николовски.

-Власта водеше скапи кампањи да создаде раздор меѓу граѓаните. И да создаде впечаток дека на власт е ВМРО-ДПМНЕ, а не СДСМ. Уцени, закани, обид за поткуп и физички закани. Тоа е стил на СДСМ и ние не делуваме како нив. Имавме јасен став дека сме против преспанскиот договор и промена на името на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи со промена на Устав, не очекував дека ниеден од овие пратеници дека ќе одат против волјата на граѓаните, рече Николовски на прашањето дали партијата се изненади на одлуката на пратениците од опозициската партија да гласаат ЗА промена на Уставот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This