Николоски: Поради јавноста на Заев му избегаа работите од контрола и не можеше целосно да го реализира она што го договарал и преговарал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во вечерашното интервју во емисијата Што не е јасно на телевизија Алфа, коментирајќи ја денешната пресуда на екс директорот на УБК Сашо Мијалков, рече дека ваквата одлука е одраз на силната реакција на народот.

Една силна реакција доведе до тоа малку да му избегаат на Заев работите од контрола, односно да му избегаат конците од контрола и да не може целосно да го реализира она што го договарал и преговарал. Видовме една одлука која што не е по целосен негов притисок, а повеќе е под позитивен притисок на јавноста, вели Николоски.

Тој истакна дека жали за пресудата на другите лица во овој предмет, бидејќи биле злоупотребени и биле колатерална штета.

Жал ми е што поради би рекол злоупотребите на бегалецот од правдата, уште неколку луѓе се колатерална штета и навистина ми е жал за нив и за пресудите кои што ги добија денес и мислам дека не заслужено се таму и навистина се колатерална штета. Но, во однос на првоосомничениот правдата треба да дојде, сега ова е само прва фаза и ќе видиме дали системот ќе успее да се избори против притисоците на Зоран Заев, а доколку во меѓувреме се смени мисли, а мислам дека ќе се смени тогаш системот ќе биде оставен да работи самостојни и нема да има притисоци од владата н ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Николоски.

Потпретседателот Николоски откри дека на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во 2018 година се разговарало за тој кој прислушувал во државата, укажувајќи дека тоа не го правеле странски служби туку Управата за безбедност и контраразузнавање се со цел како што рече тој злоупотреба и следење на луѓе, уништување на човечки животи, добивање на информации кои што подоцна ќе се злоупотребуваат во бизниси за лично богатење.
Има една работа која што јавност не ја знае, а тоа е дека нормално претходеше седница на Централниот комитет на партијата на која што се разговараше за овие работи и тогаш се разбија многу митови за ВМРО-ДПМНЕ. Јас бев тој кој што тогаш реши и речи добро е да ги разбиваме митовите во ВМРО-ДПМНЕ и на пример еден мит кој што го разби ЦК на ВМРО-ДПМНЕ беше кој прислушувал. Секако ние не сме ниту истражен орган, ниту судски орган за да донесеме одлука, но политички насоки можат да се дадат и тогаш јасно рече Централниот комитет да не се лажеме, не преслушуваа странски служби, туку преслушувањето беше од Управата за безбедност и контраразузнавање со цел злоупотреба и следење на луѓе, уништување на човечки животи, добивање на информации кои што подоцна ќе се злоупотребуваат во бизниси за лично богатење.

Значи таа линија ја повлече Централниот комитет на 22 октомври 2018 година, денеска со судска пресуда ја потврди судот и се надевам дека во овој процес на жалби и поплаки кои што ќе одат до Апелациониот и Врховниот суд ќе успее да се избори правосудниот систем за вистината, а после промената на власта на Зоран Заев која што се надевам дека ќе е скоро нема да има притисок, така што ќе може самостојно да си ја докаже вистината. Така што еве една информација која што досега не е споделена во јавноста, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This