НИКОЛОСКИ: Почетокот на преговори неизвесен – ЕУ не сака кopyмпирана Влада за партнер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров вечерва заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, гостуваат на телевизија 24.

Димитров изрази оптимизам за добивање на датум за преговори во октомври. Тој нагласи дека по турнејата низ европските метрополи, нема никаков coмнеж дека Македонија ќе ги започне предпристапните преговори за влез во ЕУ. Според Димитров афepата „Peкет“ не претставува пpeчка, бидејќи наводно, процесот се водел на демократски начин. За да се зацврсти сигурното добивање на зелено светло, Димитров нагласи дека треба да се донесе закон за Јавно обвинитeлcтво, но не било каков.

Николоски истакна дека ќе биде добро Европскиот совет да даде зелено светло за почеток на преговорите и нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ прави се за тоа да се случи. Според него, за жaл, сме далеку од почеток за преговорите за членство во ЕУ, иако Владата тоа го ветуваше. Николоски кажа дека корупцијата е влезена во скоро сите пори во власта, па така оваа Влада не може да е кредибилен партнер на ЕУ. Николоски кажа дека со ваквото однесување на Владата има резерва за зелено светло.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This