March 29, 2024, 11:29 am

Николоски: Пpиopитeт бpoj eдeн вo мoмeнтoт e дa ce тypнe влaдaтa и нa тoa интeнзивнo paбoтимe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во однос на локалните избори и тоа дали се размислува за предизборни коалиции и соработки со Алијанса за Албанците и Алтернатива кажа дека има одредена соработка и со Алијансата за Албанците и со Алтернатива во рамки на Собранието како и во рамки на фондацијата Конард Аденауер и дека е возможно до локалните избори да успеат и да ја турнат оваа власт.

„Апсолутно се уште е рано да излеземе со конкретни позиции по однос на локалните избори но обединување на опозициските партии коишто ќе настапат на локалните избори со цел оваа власт да падне на локалните избори знаете дека имаме одредена соработка и со Алијансата за Албанците и со Алтернатива во рамки на Собранието како и во рамки на фондацијата Конард Аденауер која што припаѓа на нашата сестринска партија ЦДУ од Германија таа соработка ја продолжуваме со следниот период а мислам дека е возможно до локалните избори оваа коалиција да успее и да ја турне оваа власт затоа што многу интензивно разговараме со пратеници од владејачкото мнозинство и кои што очекувам да ни се приклучат во следниот период и оваа коалиција опозициона да прерасне и зашто да не да стане владејачка коалиција до локалните избори“, рече Николоски.

Потпретседателот Александар Николоски во однос на тоа дали е можно да има предизборна коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците и со Алтернатива кажа дека се е отворено а приоритет број еден во моментот е да се турне владата и за тоа имаат интензивна соработка.

„Се е отворено значи ќе разговараме во наредниот период приоритет број еден во моментот е да ја турнеме владата и за тоа имаме интензивна соработка. Ние апсолутно бараме постојано парламентарни избори тоа го кажува и претседателот на партијата тоа го кажувам и јас така што нашата ракавица е фрлена за предвремени парламентарни избори“, нагласи Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This