НИКОЛОСКИ: Со вакви реформи и во 2019 година Македонија нема да добие датум за почеток на преговори со ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Интеграцијата во ЕУ станува далечен сон. Сакам јавно да предупредам преку овие редови дека Македонија доколку продолжи со ова ниско ниво на реализирани реформи, за жал, и следната година во јуни нема да добие датум за почнување преговори за членство во ЕУ! Без разлика на промената на името, ниското ниво на реализација на реформи во моментов е главната кочница Македонија да оди напред кон ЕУ, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во својата најнова колумна за Независен.

„Јас преку овој простор што го имам во „Независен весник“ и пролетта предупредував дека, дури и Владата и Заев да се согласат да го променат името, нема да добијат датум доколку не реализираат реформи и кажав дека процесот намерно се кочи за Македонија и Албанија да се во иста група Тогаш ми беше одговарано дека е тоа научна фантастика, но, за жал, таа научна фантастика стана реалност веќе во јуни кога Заев потпиша промена на име ама не доби датум за преговори“, додава Николоски.

Вели дека сака да остане запишано дека седум месеци порано предупредува дека ако продолжи вака Македонија со ниско ниво на реформи, иако со променето име во Северна, понижена и ставена на колена, пак нема да добие датум за почеток на преговори во јуни 2019.

-Ќе бидам најсреќен доколку владата и Заев ме демантираат со својата работа и ова не се случи. Тоа ќе е добро за Македонија. Но како што сега стојат работите – многу тешко!, потенцира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во својата колумна објавена во Независен.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски предупредува на последиците од лошите економски политики кои ги спроведува Владата.

-Во истиов контекст на лоши предвидувања и апатија помеѓу народот би сакал да дадам уште едно предвидување кое се плашам дека ќе се реализира, а се надевам дека нема. Без разлика што Заев го менува името во Северна, економијата не само што не оди напред, туку назадува, фискалната дисциплина попушта и Заев заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски одат на навидум најлесниот но најопасен чекор, на зголемување даноци и воведување нови.

Николоски додава дека помалите банки би можеле да банкротираат и да се случи економски колапс заради новите даноци на депозити кои ги воведува Владата на Заев.

„Имено, со воведување на нов данок на каматите на депозитите во банки се очекува да се створи негативен ефект кај штедачите. Каматите на депозити особено ако се девизни и сега се многу ниски и се под еден процент, што не ја покрива ни годишната инфлација, ако на тоа сега се додаде и данокот од 15 проценти, како и нестабилната политичка состојба очекувано е голем дел од граѓаните да ги повлечат своите депозити од банките. Тоа е огромна закана за неколку помали банки кои можат да се соочат со сериозни проблеми во своето работење, па дури и банкрот, кој ако се случи ќе има несогледливи последици кон економијата.“

Вели дека не посакува ова да се случи и затоа јавно апелира до власта да го повлече својот предлог за зголемување на даноци и воведување нови.

Николоски потенцира дека доколку тоа не го направат ВМРО-ДПМНЕ по победата на следните парламентарни избори и формирањето Влада, ќе ги укине на првата седница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This