НИКОЛОСКИ СО ЦИТАТ НА ЧАКАЛАРОВ: Сепак докажавме чија е Македонија и дали ние Македонците заслужуваме слобода, за која умиравме, умираме и ќе умираме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во последната своја колумна, даде една историска конотација на македонскиот пораз олицетворен во Договорот со Грција Тој истакна дека Илинденското востание во 1903 година не било организирано само против османлиите туку и против грчкиот терор врз Македонците во Егејска Македонија. Николовски со повеќе историски цитати се обиде да даде историски контекст на проблемите кои Македонија ги има денес со своите соседи. Поставувајќи го прашањето дали ова е последниот Илинден кој државата го дочекува како Република Македонија или ќе бидеме некоја друга држава и понатаму вели:

– Преспански договор не само што се менува името туку се правата и низа други интервенции кои се катастрофални за Македонецот. Така според договорот терминот македонец како и македонски јазик може да се однесува само на територијата на Република Македонија , што значи дека нема Македонци надвор од Република Македонија и никој надвор од границите на државата не говори македонски јазик. Така стануваме единствена држава која нема малцинства нити свој малцински јазик говорен во соседните или други држави. Тоа сите сме свесни не соодвествува на реалноста, но соодвествува на големодржавните пропаганди кои цели два века се обидуваат да докажат дека нема македонци па соодветно неможе да има и македонска држава, и дека истата е вештачка творба. Тоа тврдење покрај што е навредливо има сериозна намера да го загрози постоењето на македонската држава. Зборовите кажани од Митрополит Теодосиј Гологанов еден од првите црковни дејци кој се бори за возобновување на Охридската архиепископија и денес силно не потсетуваат што е суштината на се ова што се случува,Митрополитот меѓу другото вели : “ Ние си немаме толку мака од османлиите колку што си имаме од Грците, Србите и Бугарите кои како орли на мрша се нафрлија на оваа многострадална земја“

Говорејќи за ѕвесрствата кои ги правеле Грците под палката на Германос Каравангелис, Николоски напоменува дека Владиката Каравангелис бил најактивен во сузбивањето на Востанието кој преку своите луѓе ја организирал егзекуцијата на еден од апостолите на востанието, Лазар поп Трајков.

– Најактивен во сузбивањето на Востанието е токму Владиката Каравангелис кој преку свои луѓе организира да му се отсече главата на Лазар поп Трајков еден од апостолите на востанието во овој дел од Македонија. Во октовмри 1903 кога било јасно дека востанието ќе биде задушено војводата Васил Чакаларов ги собира востаниците на планината Вичо, истата планина на која четириесетина години подоцна синовите и внуците на востаниците ќе се борат за човечки правдини во рамки на граѓанската војна во Грција и за жал никогаш нема да ги добијат туку ќе бидат протерана и иселени од своите огништа, вели Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја завршува својата колумна со цитат од еден од најголемите македонски револуционери, Васил Чакаларов.
– Таму на Вичо Чакаларов им вели : “ Сега е се завршено, сепак докажавме чија е Македонија и дали ние Македонците заслужуваме слобода, за која умиравме, умираме и ќе умираме. Одете си по своите домови,ве распуштам, горе главите!“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This