НИКОЛОСКИ: Шекеринска и Димитров да и објаснат неколку работи на македонската јавност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, преку социјални мрежи постави неколку прашања во насока на владината отчетност, а во врска со средбите на Радмила Шекеринска и Никола Димитров во Блед.

-Читам за средбите на Радмила Шекеринска и Никола Димитров во Блед. Според нивните соопштенија кратки, според она што го видовме ,,од нога”. Но како и да е добро е што имале средби со повеќе дипломати вклучувајќи го и специјалниот преставник на САД за Балканот Метју Палмер, како и номинираниот за Висок претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел.

Во име на отчетноста еве неколку прашања за Шекеринска и Димитров на кои како владини преставници должат одговор пред македонската јавност:

Дали Шекеринска кога станало збор за правната држава, ги информираше соговорниците за поклонот чевли од брендот Louboutin дадени од првoocoмничениот во случајот Реkет?

Кои биле темите на разговор на полноќните сеанси во домот на еден од првoocмничените во случајот Рekет за што и тој самиот се пофали во еден од емитуваните разговори?

Дали можеби на тие сеанси се фалела Шекеринска, за според Заев, добиениот датум за преговори уште пред една година, или пак сепак се осврнала стратешки на таа куфер политика?

Димитров би го запрашал дали можеби ги информирал дека во Македонија нема ниту една постапка против висок функционер на власта иако се потопени во kpиминал и kopyпција?

Дали ги запозна дека тој лично како Министер за надворешни бил информиран за рekeтот врз македонски бизнисмени од најмалку еден странски амбасадор но решил за тоа да мoлчи и нити да ја информира јавноста, нити oбвинитeлcтвото.

Дали Шекеринска и Димитров информираа дека цела јавност говори дека ова не е рekeтарска шема на оние кои се oбвинeти туку тие се само извршители, зашто нив никој ни денар не би им дал ако над нив не е целиот врв на СДСМ и власта? И конечно дали информираа Шекеринска и Димитров дека вкупната сума на изpekeтирани средства од бизнисмените е фантастични 20 милиони евра?

Додека ги чекаме одговорите, знам и подржувам дека треба низ една транспарентна и независна постапка раветлување на случаите поднесени од СЈО, исто како што треба расветлување и одговорност на сите инволвирани во сите случаи на kpиминал на власта на Зоран Заев!, вели Николоски.

Читам за средбите на Радмила Шекеринска и Никола Димитров во Блед. Според нивните соопштенија кратки, според она што го…

Posted by Aleksandar Nikoloski on Tuesday, September 3, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This